Воачите на Alfa Romeo Recing F1 Team- Кими Раиконен и Антонио Џовинаци, на патеката за тестирање на Alfa Romeo во Балоко ги испробаа моделите со ознака Quadrifoglio на производителот на спортски возила од Милано
Светскиот шампион во Formula 1 од 2007 година седнал зад управувачот на Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio, a неговиот помлад тимски колега Италијанецот ја возел Giullia Quadrifoglio.
И двата модела се задвижувани од бензински Bi—Turbo агрегат, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со работен волумен од 2,9-литри, што инаку се развиенби во соработка со Ferrari.
Станува збор за агрегат што испорачува динамитни 510 KS, заедно со вртежен момент од 600 Nm.
Моторот е впарен и со автоматски менувач со осум степени на пренос на силата , со посебно подесување што овозможува менување на брзините за само 150 мили секунди во тркачкиот режим на возење – Race.
Благодарение на тие карактеристики на возилата имовозможува забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,8 секунди, како и максимална брзина од импресивни 283 km/h.
Најнапредните технолошки својства, вклучуваат и избор помеѓу четири режими на возење преку селекторот Alfa DNA Pro, каде е веќе спомнатиот режим Race, потоа диференцијал за управување со максималниот момент на вртење како и прилагодливо потпирање посебно сетирано за овој модел…
Следи системот за деактивирање на цилиндрите поради максимална заштеда на гориво и пониска емисија на штетни издувни гасови, особено во населени средини, како и систем на сопирачки изработени од керамика, на познатиот производител -Brembo.
Во кабината на двата автомобила целосно владее спортскиот дух каде особено се издвојуваат илтра лесните – изработени од карбонски влакна спортски седишта на Sparco, што и се направени да бидат најлесни во сегментот, но, притоа и да гарантираат удобност при долготрајните патувања.
Информативно – забавниот сиситем во автомобилите е Alfa Connect 3D Nav што се контролира преку централно поставениот колорен екран чувствителен на допир, со големина од 8,8 инча во дијагонала.
Овој систем инаку, ги подржува и Apple Car Play, како и Android Auto апликациите.
Интересни е дека и двата модела, во времето на нивното пазарно лансирање, биле најбрзи модели во своите kатегории на легендарната тркачка патека во Нирбургтинг.