Возбудлива дружба на финалистите во изборот на Автомобил на годината во Македонија

Изборот на Автомобил на годината во Македонија за тековната 2020 година доѓа до точата кога работите кулминираат, па по заедничкото возбудливо и прекрасно дружење со финалистите пред националното Жири е навистина тешка одлука да го избере најдобриот помеѓу шесте кандидати кои рамноправно конкурираат за престижната титула…

Минатиот викенд шесте финалисти во годинешниот избор за автомобил на годината имаа возбудливо патување по патиштата низ земјава.

Колоната сочинета од BMW 1, KIA Xceed, Mazda 3, Opel Corsa, SsangYong Korando, Toyota RAV 4 Hybrid , во придружба на минатогодишниот победни во Изборот на Автомобил на годината во Македонија, Ford Focus и победникот во класата на SUV модли Citroen C5 Aircross, своето дружење го почна од новиот Салон  на увозникот на Ford во нашата земја MiDa Grand Motors од Скопје.

Колоната од учесниците во веќе 25 -от по ред континуиран избор за автомобил на годината, избор најстар и со најдолга традиција во регионот, преку Велес и  Прилеп се упати до највисокиот град на Балканот -Илинденското Крушево.

Во друштво на екипата од Олимпико и нивнит бренд на пневатици Bridgestone кои освен што се спонзори на изборот беа и техничка подршка на караванот, секогаш подготвни да интервенираат ако се појави некој проблем со пневматиците.

Финалистите во престижниот Националн избор, попатно се менуваа и ги возеа конкурентите за да се запознаат со нивните квалитети и карактеристики.

Тоа воедно е и дел од нивната задача бидејќи победниот во нивниот избор добива еден глас кој е рамноправен со гласот на членовите на Жирито.

Патот избран така да може да се проверат возните својства и на автопат, но и на кривулести планински сртови, како што се превојот Плетвар, прекриен со снег, односно планинскиот пат што води до Крушево,  нудеше добри можности за проверка на управливоста и комфорот во возењето.

Во Крушево по куса пауза за фото сесија и за ручек и освежување колоната се упати кон Битола, каде стасавме во вечерните часови.

Во пријатна атмосфера на вечерата финалистите се релаксираа и ги разменуваа првите искуства зад воланот на нивната конкуренција распрашувајќи се за детали, опрема, цена…

Утредента по презентацијата со која секој импортер се обиде на најдобар начин да го претстави својот пулен и да го убеди жирито дека неговото возило е најсериозен кандидат за титулата Автомобил на годината во Македонија за 2020-та, по сесија фотографии, се упативме назад кон Скопје.

Назад се враќавме преку Велес, Свети Николе, до Скопје, при што некои од финалистите имаа можност и по втор пат да седнат во  за нив најинтересниот автомобил што конкурира на нивниот автомобил.

На крај сите задовони од зедничкото дружење и полни со импресии што, како самите рекоа, им оставиле длабок впечаток му посакаа на Жирито да продолжи со неговата работа истакнувајќи дека се почестени што се дел од манифестацијата и изборот и дека се надеваат и во иднина да имаат модели со кои ќе можт да бидат кандидати и финалисти во иборот на Автомобил на годината во Македонија 

Следува гласањето на финалистите и на членовите на жирито, а во најскоро време ќе биде објавено и кој ќе биде носителот на престижната титула Автомобил на годината во Македонија за 2020 -та, како и на најдобриот SUV во    истата гоина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тoyota во Женева „додава гас“

Baby electric Audi- премиум mini crossover на струј

HANKOOK е избран од AUDI за фабричко вградување во новите AUDI Q8 и SQ8

Tesla ќе отповика 15.000 примероци на Model X

Со Аутомакедонија полесно до нов OPEL со камата од 3,5%

Загадување – горива и сообраќајот

Макпетрол со ново упатство за безбедно ракување и користење на своите производи!

Jaguar ќе го паузира производството на електричниот I-Pace