Возењето на автомобили предизвикува стрес, а на мотоцикли релаксира!?

Возењето на автомобил во денешните сообраќајни услови е активност што носи исклучителен стрес, до тој степен што во англискиот јазик  е создаден термин road rage („друмски бес “), што означува искажување на агресивно и опасно однесување кон другите луѓе, но затоа пак возењето мотоцикли го намалува стресот!

Односто, спротивно од автомобилите возењето на мотоцикл има сосема спротивен ефект – релаксира!!!.

Така барем е наведено во студијата што ја спровеле истражувачите од UCLA универзитетот.

Студијата, пак е финансирана од страна на Harley-Davidson, и истата дошла до неколку интересни заклучоци во врска со ефектите што ги има возењето на мотоцикли, a помеѓу кои се и зголемената концентрација, но и намалување на нивото на кортизол, хормон познат како индикатор на стрес.

Истражувачите во текот на испитувањето посебно внимание посветиле на електричната активност во мозокот, работата на срцето и нивоата на адреналин, норадреналин и на кортизол, мерени, пред, за време и по возењето на мотоцикл.

Истото испитување е на правено и кога станува збор за возење со автомобил!.

Испитувањето покажало дека 20-минути возење на мотоцикл  на срцето влијае како лесно телесно вежбање, a внимателноста се зголемува како и по испивање на една шолја на кафе.

Најинтересен, секако, е заклучокот дека возењето на мотоцикл има позитивно влијание на нивото на стрес, намалувајќи ги хормоналните биомаркери за 28% во споредба со други мерни активности.

Од Harley-Davidson не откриваат што се тие други „мерни активности“.

Студијата е наречена „ Ментален и физички ефект на возењето на мотоцикл “ и во целост ќе биде претставена подоцна во текот на оваа 2019-та година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda подготвува нов атак на брзинскиот рекорд на машина за косење трева!

Aston Martin Vantage V12 Zagato Heritage Twins by R-Reforged- нова приказна!

Во чест на 100 годишнината Bentley произведува и луксузен мебел!

Nissan GT-R Nismo 2020 со деби на Њујорк 2019!

Apollo Intensa Emozione подготвена за производство

Светски автомобил на годината 2019 и hat trick за Jaguar I-Pace!

Наследникот на Lamborghini Aventador  со хибриден погон

Од производната лента се симна милионитиот VW Sharan

Поостарите возила од вчера за влез во центар на Лондон плаќаат 12,5 фунти