Возете паметно и заштедете повеќе

Прво правило гласи – возете смирено, бидејќи агресивното возење не само што е опасно, туку истовремено значи и поголема потрошувачка на гориво…

Нагло забрзување, честото менување ленти, како и остро запирање, па повторно силно забрзување, според пресметките на американското Министерство за енергија може да ја зголеми потрошувачката на гориво дури и за 33 проценти. Со мирно возење помалку ги трошите гумите, моторот и сопирачките и можете да поминете повеќе километри со еден резервоар.

Не заборавајте да го одржувате возилото. Игнорирањето на малите работи и сигнали, може да доведе до поголеми и поскапи проблеми на долг рок. Редовно сервисирање ќе ви заштеди и пари и нервози, во случај на несакан дефект на отворен пат. Секако дека не може сами да го поправате автомобилот, но можете многу да заштедите со навремено реагирање, ако ги следите првичните сигнали – како некои звуци од моторот или чкрипење при кочење.

Слушајте ги сигналите од возилото и истражете на интернет, што може да е причина за тоа, можеби ќе успеете нешто и сами да решите.

Работи што можете лесно сами да ги направите се проверка и замена на прегорени светилки, проверка на притисокот и истрошеноста на пневматиците, проверка на течностите во моторот или некое истекување под него, како и замена на истрошени бришачи, акумулатор или филтри.

 

Со почит,

„Макпетрол“ АД Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari F125 TDE?

Од Германија најавен EV болид побрз од Rimac C_Two

Спортски концепт Suzuki Misano by IED

Хипер автомобил Viritech Apricale со 1100 КС

Volkswagen под истрага поради прво-априлската шега Voltswagen

Уникатен блиндиран Porsche 911

Луксузниот Bentley на кралицата на Англија на аукција!

GTO Engineering Squalo инспириран од Ferrarijem 250 GTO

Тркачка верзија на Volkswagen ID.4