Враќање на легендарната DS (жаба)

CIitroen DS, попознат во нашата земја како жаба, беше и останува еден од нај легендарните автомобили во минатиот век, а сега, се чини се враќа на голема врата …

Нема сомнение дека DS беше автомобил пред своето време, а некои сметаат дека е потребно малку за да се вклопи во новиот милениум.

Еден од нив е Санг Вон Ли (Sang Won Lee), кој реши да понуди ново толкување на необичните линии на луксузниот крстосувач на Citroen, лансиран во 1955 година, кој остана на пазарот цели две децении.

DS е препознатлив и во новото издание и би се издвојувал од останатите автомобили по патиштата.

Препознатливи линии и современи технологии, во ова издание би имале дури и пазарно оправдување.

Особено во електричната верзија.

Можете да видите како овој талентиран дизајнер го замислил на овие рендери, но и на неговата страница.

На крајот на краиштата, во денешно време, кога се повеќе се забележува недостаток на креативноста, навраќањето во толку добра основа не е лоша идеја, барем ние така мислиме?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro