Вредна колекција возила пронајдени во напуштен амбар во В. Британија

Во описот на видеото не е наведена точната локација каде се пронајдени автомобилите, но според нагласениот акцент во говорот, старите сообраќајни знаци и регистарски таблички на некои автомобили, тие се наоѓаат некаде во Велика Британија…

Во првата половина од видеото, водачот на каналот води низ шума која порано била пат. Има неколку сообраќајни знаци кои укажуваат на состојбата пред неколку децении, но на крајот можеме да видиме за што зборува ова интересно видео. Зелената Nissan Almera, која е речиси во возна состојба, го пречекува камерманот, но далеку од тоа дека е најинтересното возило таму, пишуваат светските агенции.

„Окото“ на камерата ни открива неколку модели на Porsche 911 како „седат во тишина“, а има и сино Porsche 356 во многу „тажна“ состојба. Повеќето од овие автомобили имаат волан од десната страна, што сугерира дека тие, веројатно,  кога биле, нови се од сериите што се продавале во Велика Британија. Некои имаат ентериер, додека некои имаат само многу ‘рѓа (корозија) наместо тоа.

Заедно со нив има неколку примероци на Jaguar, на Lotus, потоа на Bentley, како и на Aston Martin и на Sunbeam-Talbot.

Има и нешто елегантно со значката на AC и препознатливиот Wolseley II. Можете дури и да видите голема налепница на капакот на багажникот од релативно неодамнешното vintage rally во Холандија – Tulpen Rally од 2004 година.

Според записот од евиденцијата на трката тоа е, Renault Clio Williams што присуствувал на настанот со бројот 65.

За жал,  овој рели „тркач’ тогаш и заминал во „пензија“ заборавен во овој интересен амбар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отповик на Chiron Pur Sport поради проблеми со гумите

Niutron NV

Porsche прв ЕV што совладал висинска разлика од 4.842.967 метри

Noble M500

Hennessey  Venom F5. со ергеле моќно 1.817 КС

Bugatti го претстави својот ромобил Bytech

Жената Астронаут од проектот SpaceX место Tesle избра друг EV

Tesla Model S поминал 1,5 милиони километри!

Редок класичен Chevrolet Corvette