VW Air дебитира утре- 27 јуни

Volkswagen во средата ја претстави „тизер“ слика на концептот на електричен седан наречен ID.Aero чија глобална премиера е закажана за 27 јуни, што претставува преглед на идниот сериски модел што ќе се продава во Кина, Европа и Северна Америка…

Во соопштението за печатот придружено со тизер (најавната) слика, VW рече дека ID.Aero ќе носи стилски знаци од претходните модели на семејството ID, како што се ID.4 и ID.Buzz.

Концептот, исто така, ќе ја дели модуларната електрична MEB платформа на Volkswagen со овие модели, но ќе биде, со должина од 5 метри, најдолгиот од сите автомобили базирани на платформата MEB досега.

Всушност, тој е само малку пократок од Volkswagen Atlas.

Сериската верзија на моделот ID.Aero се очекува да биде пуштена во продажба во Кина во втората половина на наредната 2023 година, а потоа и во Северна Америка и Европа. VW не го прецизираше времето, но рече дека верзијата со европски и северноамерикански спецификации ќе биде откриена во 2023 година, а набрзо потоа ќе започне производството во Емден, Германија.

VW претходно објави тизери од еден голем електричен автомобил базиран на платформата MEB.

ID Vizzion беше концепт на голема лимузина што дебитираше на салонот во Женева во 2018 година, по што следеше концептот на ID Space Vizzion караванот на Саемот за автомобили во Лос Анџелес следната година.

ID.Aero е третиот електричен автомобил од марката VW кој доби сертификат за американската поделба на Volkswagen, каде мразот беше скршен со crossover моделот ID.4, кој производителот на автомобили планира да го произведе и во својата фабрика во Чатануга, Тенеси. Планира да го зголеми производството подоцна оваа година.

Планирано е да пристигне и ID.Buzz, што е своевиден омаж на Volkswagen Type 2, поточно моделите T1 и T2, но не пред 2024 година.

Со оглед на тоа што VW не планира до следната година да прикажува технички спецификации за најавениот и со „тизер“ модел наречен ID.Aero, за американскиот пазар, можно е седанот да не пристигне преку барата, се додека не стаса споменатото комбе наречено ID. Buzz, со што го остава ID.4 како единствен целосно електричен модел во салоните на VW, барем за некое време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GМ се враќа во Европа со понуда на електрични возила

Ferrari ќе произведува возбудливи EV

Подновен Chery Tiggo 5x

Ferruccio Lamborghini стана член на Автомобилската куќа на славни

Тesla со сопствена лента на граничен премин

Се подготвува наследник на Bugatti Chiron

Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Toyota ја разви новата Tundra анализирајќи ја таа што поминала милион милји