VW би можел да ја лансира подмарката Jetta и на други пазари

Влезната марка на VW може да го „таргетира“ рускиот и јужно- азискиот пазар…

Името Jetta носи сопствен печат. Денес, таа е една од најпопуларните линии на модели и ниско-буџетски под-бренд резервиран исклучиво за Кина. Со оглед на тоа дека е лансирана пред осум месеци, Jetta се позиционираше како популарен бренд за „клиенти кои се свесни за цените“ во најнаселената земја во светот.

Успехот на оваа поделба на Volkswagen може да доведе до тоа Jetta да се најде и на други пазари.

Говорејќи за Automobile News Europe, претседателот на Jetta, Харалд Милер реkol дека марката зафатила околу еден процент од уделот на пазарот. „Успешниот почеток, секако го разбуди интересот на другите пазари во светот на Volkswagen“, изјавил тој.

Како и Nissan и воскреснатиот бренд Datsun, така и Jetta има за цел да го окупира нискобуџетниот сегмент на автомобили, каде другите понуди на Volkswagen, како што е Škodoa, немаат соодветно „ brand name“. Во моментов, Jetta продава VA3 седан и VS5 и VS7 crossover модели. VA3 е во голема мерка ажурирана верзија од претходната VW Jetta за кинескиот пазар, додека VS5 и VS7 ги делат компонентите со Seat Ateco и Seat Tarraco.

Освен нејасната изјава на Милер, нема потврда дека Jetta ќе се најде на некои други пазари. Ако тоа се случи, претпоставката е дека станува збор за Русија и земјите од Југоисточна Азија, како што се Филипините, Индонезија, Тајланд и така натаму.

Не веруваме дека Jetta ќе ја доживее судбината на Datsun, кој најверојатно ќе биде еутанизиран со цел намалување на трошоците во Nissan.

Не треба да се очекува Jetta да се најде во Европа, ниту во Америка, со оглед на вкусовите на клиентите во тие региони

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Ford ги издвојува Bronco и Mustang како посебни марки!

Кои модели на Lada најмногу се исплатливи за првиот сопственик

Mercedes-Benz S-Class (W223) дефинитивно пристигнува есенва!

Lotus Evija во финална фаза !

Škoda тротинет- го собира на местото за резервно тркало

Fiat планира ривал на Nissan Qashqai а се враќа и Fiat Punto

Porsche e „dream car” на повеќето, потврдила анкетата!

Како би можел да изгледа спортскиот модел на Dyson!?…