VW до 2023 ќе произведе електричн теренец во масови бројки!

Масовен теренец е подготвеен да произведе Volkswagen и тоа веќе до 2023 година, а истиот е наречен Ruggdzz и е во фаза на развој…

Вееќе некое време на интернет страниците циркулираат информации за големиот електричен „теренец“ на Volkswagen, на почтокот во вид на планови за наводниот T-Rug модел, кон крајот на декември, минатата 2019 година, а во февруари тековната 2020 тие „руморња“ се атуелизираа, но сега се во конекција со ID електричното семејство на VW.

Специјализираниот портал Autocar од В. Британја, пренесува дека станува збор за возило кое во круговите на VW го носи називот Ruggdzz и кој би требало да се појави на пазарот во 2023 година.

Британците потенцираат дека новиот електричен SUV во моментов е во прелиминарна фаза на развој, па многу нешта би можеле да се променат до официјалната потврда за лансирање на пазарот.

Во извештајот исто така се напоменува дека Volkswagen планира да пласира две верзии на Ruggdzz, една долга 4,6 m, со пет седишта, како и продолжена варијанта со трет ред седишта, пришто втората веројатно ќе биде наменета за кинескиот и американскиот пазар.

Тие кои имаат пристап до раниот дизајн на возилото го опишуваат како „модел со  профил во форма на кутија “ со „исправен преден дел и маска со полна ширина каде се „вгнездени“ квадратни фарови , со хоризонтална хауба на моторот, исправен ветробран, безмалку рамна линија на покривот и стрмни страници“.

Споменатиот модел радикално се разликува од идниот ID.4, а поседува и специјален C столб, со стаклен панел кој го прави делумно провиден, што значи дека дизајнот на кабинскиот простор и страничните профили во целост го разликуваат од останатите кросовери и SUV модели со ID ознаката.

Следејќи ја стратегијата на Volkswagen Групата и брендовите Seat и Škoda би можеле да понудат свој масивен SUV по урнек на тој од Волфсбургл што ќе се потпира на MEB платформата за електрични возиа на Концернот,  што  дебитираше лани на моделот ID.3.

Во контекст на стратегијата и  новорофмираниот кинески бренд на VW, наречен Jetta би можел да понуди сопствена, локална варијанта на „теренецот“ на струја.

Се очекува новиот Ruggdzz да обезбеди погон на сите четири тркала со помош на два електромотори, по еден за секоја оска, а би можело да следувааат и дополнителни верзии на електричниот теренец, вклучително и екстремен модел со повисок клиренс, светла поставени на покривот, како и други оф-роуд детали, за да добие лик на робусно теренско возило

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците ќе ги задржат бубрезите на маската на моделите и во електричната ера

Европа наопаку, а Русите правилно!?!?

Се продава Jaguar XK120 Roadster што бил сопственост на Клерк Гебел

Mercedes-Benz слави 120 години на постоење

Претставен новиот Fiat Strada

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување