VW до 2026 ќе им рече збогум на конвенционалните мотори

Од VW објавија дека последната генерација на мотори со внатрешно согорување ќе ја произведува до 2026 година, а потоа ќе се фокусираат целосно кон електричниот погон

Тоа не изненадува бидејќи е светски тренд кај производителите на автомобили кои се фокусираат на целосно електрични возила , а тоа е засилено со зголемувањето на рестрикциите кон моторите со внатрешно согорување низ повеќето европски градови.

Такви се и аспирациите и на VW Group од каде објавија дека следната генерација на VW бензинските и дизел мотори воедно ќе претставува и последна, но тоа  нема да се случи преку ноќ, туку до 2026 година.

Како главен стратег на Volkswagen, Мајкл Џост објасни: „Работиме на постепено отфрлање на моторите со внатрешно согорување, а нашите колеги работат на последната платформа наменета за возила кои не се CO2 неутрални.“

Електричниот напредок на овој кармејкер е во тек, а ќе се забрза значително по претставувањето на производната верзија на концептниот модел ID.

Електричниот хечбек најверојатно ќе се вика ID Neo и на пазарот би требало да пристигне кон крајот на наредната 2019 година.

Но, целосното искоренување на возилата со конвенционалните мотори сепак не е возможно, барем не во блиска иднина, бидејќи одредени пазари кои сеуште се во развојна фаза немаат доволна инфраструктура за подршка на оваа транзиција, па Џост предложи бензинските и дизел моторите да бидат достапни и по 2050 година.

Ваква изјава неодамна пласираа и челниците на Audi, најавувајќи инвесиција од околу 16 милијарда долари во електричната мобилност и автономната технологија, до крајот на 2023 година, при што  ќе понудат околу 20 електрични модели до 2025 година, од што половина ќе бидат со целосно електричен погон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наредната зима сообраќајниците наместо со сол ќе се посипуваат со шеќер

Range Rover Evoque пет од пет ѕвезди на тестот за безбедност

Citroën C5 Aircross со максимална оценка за безбедност

Fiat Chrysler се договори со Tesla за заедничка генерална емисија на ЦО2!

Takata му стави „сол на опашот“ и на McLaren!

Audi најави намалување на потрошувачка на вода во производството

Volvo FH крал на економичноста!

Отстранувањето на солта од сите „отвори“ и дупки во возилото основа за заштита на лимаријата

Во наредните 10 години VW Group планира производство на 22 милиони EV!