VW доаѓа во Србија!

Се чини дека кај нашиот северен сосед се подготвува стопански земјотрес! – германскиот автомобилски џин Volkswagen одлучил нова фабрика да гради во Србија, барем така пишува тамошниот дневен весник „Новости“!!!

Најголемиот автомобилски гигант во светот се решил за Србија, во конкуренција на Бугарија, Романија, Турција и нашата земја.

Иако долго време како фаворити за добивање на оваа зделка важеле Бугарите, компанијата од Волфсбург се решила за Србија!.

Според пишувањата на „Новости“ првите автомобили од погоните на Volkswagen во Србија би требало да се симнат од производните ленти во 2023 година.

Инаку Германците веќе подолго време планирале во овој дел на Европа да отворат свои погони. Тоа и самите повеќе пати го потенцирале, но дилемата била во која земја.

Романија и Бугарија се земји членки на Европската Унија, па токму и затоа се очекувало тие да бидат цел на инвестицијата од Волфсбург.

Веднаш зад нив, според шансите била Турција, која е пазар од 80 милиони жители.

Сепак, перформансите на економијата на Србија, пристигнувањето на сите најголеми производители на автомобилски компоненти во светото, но и пријателските односи на српското државно раководство со германското, придонеле за таквата одлука.

Од новости не ја прецизираат локацијата за новата фабрика, но претседателот на Србија Александар Вучиќ на неколку пати ја спомнал Шумадија како адреса за инвестицијата што во целост би ја сменило „крвната слика“ на српската економија.

Новата фабрика на Volkswagen би требало да има капацитет од 300.000 автомобили годишно и таа во извозот на Србија би учествувала со 4,5 милијарди евра.

Во Србија би требало да се произведуваат пет модели од гамите на Volkswagen, Škoda и на Seat, марките што се во сопственост на германскиот гигант Volkswagen Group.

Според некои претходни најави од Volkswagen, но и од Бугарија, која се надевала на оваа зделка, инвестицијата е вредна околу 1,4 милијарди евра. Се планира во фабриката да се вработат 5.000 лица, од кои дури 650 инженери. Меѓу другото, битен фактор за изградба на фабриката е и фактот дека Србија располага со 10 % од светските резерви на литиум, сировина основа за производство на батерии за електричните возила.

Иако, според сознанијата на Новости, новата фабрика ќе произведува класични автомобили, сигурно е дека ќе биде организирана и продукција на електромобили.

И тоа не е се, додека раководството на Volkswagen и официјално не ја потврди оваа информација за доаѓање во Србија,постои големо интересирање и кај другите инвеститори, пред се од Кина и други земји од Азија, да отворат производни погони од автомобилската индустрија во Србија. Особен се заинрересирани за производство на електрични автомобили.

Доколку се реализира амбициозниот план на германскиот инвеститор и Властите во Србија, извозот на таа земја би се зголемил за 20%.

Паралелно со изградбата на фабриката, дополнително би се охрабриле и светските фабрики за производство на автомобилски делови за повеќе вложувања со цел да се лоцираат во близина на новата фабрика на Volkswagen.

Golf e еталон за автомобил во Србија и регионот!

Возилата со ознака на Volkswagen во Србија, односно во државите во регионот, не е тајна, од секогаш биле помеѓу најпопуларните кај потенцијалните купувачи.

Bestseller моделот од Волфсбург -Golf низа години наназад е репер за квалитет во овој регион.

Понекогаш тој автомобил претставувал дури и статусен симбол – да се има најновата генерација на VW Golf била своевидна потврда за успешност.

Последните години од постоењето на некогашната заедничка држава СФР Југославија, најуспешните луѓе, како потврда на својот успех, купувале Golf што тогаш се произведувал во погоните  фабриката на автомобили во Сараево  (Tvornica Automobila Sarajevo -TAS).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помал SUV на Fiat за пазарите во Јужна Америка

Tesla Model 3 – Запрено производство поради премногу проблеми!

KIA во првото полугодие со одлична продажба!

В. Британија со повеќе станици за полнење на EV од бензински пумпи!

Во сила Законот за субвенции на нови и половни поеколошки возила

Фрлање догорче од цигара од автомоби во Грција може да ве чини возачка дозвола

Компактниот Jaguar и crossover coupe на BMW платформа!

Hyundai Nexo со oдлична оцена од IIHS

Infiniti Edition 30 во чест на три деценискиот јубилеј на марката