VW е нова жртва на недостаток на полу проводници во светот на автомобилите

Исто како и во случајот со остатокот од светот, Volkswagen има тешкотии да се справува со постојаниот недостиг на чипови во својот производствен циклус…

Затоа, не е чудно што единствената можна одлука е (привремено) отстранување на некои системи од возилото. Токму тоа ќе се случи во Австралија, каде германскиот производител почнувајќи од септември од списокот на опрема ќе ги отстрани системот за откривањето (детектирање) на „слепата точка“ и системот за предупредување за вкрстен сообраќај во голем број модели.

Volkswagen потврди дека оваа одлука е донесена како резултат на проблемите предизвикани од недостигот на полу проводници, иако ветува дека автомобилите без двата системи ќе бидат испорачувани само во ограничен период од шест месеци.

Во превод, Volkswagen Polo Style, T-Cross Style, T-Roc Style и R-Line, комплетната линија на Tiguan (освен R верзија), Tiguan Allspace, Passat и Arteon, кои ќе се произведуваат од септември 2022 година, ќе биде достапни без двата наведни системи кои, како што гарантираат Германците, ќе се врати по половина година.

Со други зборови, клиентите кои ќе ги нарачаат моделите Golf, Touareg и моделите со R ознаки нема да изгубат ништо.

Истото важи и за комерцијалните возила, каде што нема да има промени.

Volkswagen е свесен дека голем број луѓе би можеле да се откажат од купувањето, па затоа нуди поволности меѓу 550 и 1.300 долари.

Во исто време, компанијата им нуди на клиентите избор во форма на чекање на возило кое ќе ги има споменатите компоненти, иако тоа значи дека нема да го има во своите гаражи пред 2023 година.

Непотребно е да се каже дека Volkswagen е далеку од тоа да е единствената или последна компанија која прави такви „претумбувања“  за да се справи со недостигот на чипови, но оваа вест потврдува дека ограничените резерви на полу проводници продолжуваат да бидат главен проблем ширум светот.

Најоптимистичките компании, вклучувајќи го и Ford, очекуваат подобрување на ситуацијата до крајот на тековната 2022 година, иако ни останува да видиме дали тоа ќе предизвика значителен пад во однос на времето на чекање за нови автомобили (односно дали ќе се намали времето на чекање на нов миленик на четири тркала).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги намалува субвенциите за купување EV

Новиот Audi RS3 co електричен мотор

Почна производството на Mercedes-AMG One

Новиот Porsche 911 GT3 RS на пазарот пристига 2023

Next.e.GO Mobile SE ќе произведува електрични автомобили во Македонија

Во Германија нови давачки за дизел и бензински автомобили а олеснувања за EV

Подновен беџот и имиџот на луксузниот автомобилски бренд

Илон Маск одличен дипломат -Tesla во Кина со „повластена“ позиција

Неофицијалните рендери открија многу можен изглед на претстојната BMW Серија 5.