VW го најави Nivus crossover coupe!

Од Volkswagen го објавија првото „тизер“  видео за својот најавен crossover coupe со име Nivus…

Опишан како урбано coupe, овој привлечен crossover од Волфсбург најавува вистинска „револуција на пазарот и претставување на нов сегмент во наредната 2020 година“.

Во моментов не се знаат многу поединости за овој иден модел, a „тизерот“ покажува само еден негов дел, односно голем отвор за воздух, светла за магла и LED светла.

Од зади може да се препознаат спојлерот како и светлосните групи.

Не се знае многу ниту за спецификациите, но VW навести дека автомобилот е развиен во Бразил.

Идејата што стои зад овој проект е crossover coupe моделот да стане пристапен за пошироките народни маси!.

Инаку моделот се базира врз MQB платформата на германскиот концерн, a ќе има и сосема нов забавно информативен систем, интуитивен и со мноштво можности за поврзување како и за персонализирањe.

Во однос на моторизацијата би требало да биде опремен со 1.0-литарски TSI, турбо нбензинец, со три цилиндра, со моќ од наводно 126 КС, со погон на тркалата од предната оска.

Агрегато би требало да доаѓа во комбинација со шест степен автоматски менувач на брзини, а пак изведбата со мануелен менувач би била достапна, но со погон со помала сила – односно со  114 KS.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра

Lada во 2019 со мал пад на продажбата во Европа, но доминира во Русија!

Од Nissan со демант дека бараат развод на „бракот“ со Renault !

Дизелите повторно на удар, нови податоци пак фрлаат дамка на нив

Mеrcedes и Gеely со заеднички проект вреден околу 800 милиони долари!

Пристигнува најмалиот- baby Jeep!

Honda Civic Type R во Токио ќе ја покаже освежената појава