VW го запира производството на EV модели поради недостаток на чипови

Иако досега повеќе или помалку се спротивставуваа на глобалниот недостиг на чипови, но и на сите останати компоненти за склопување на автомобили, од Volkswagen сепак накратко мораа да се откажат оваа недела…

Притисната од проблемите во синџирот на снабдување, раководството на еден од најголемите светски производители беше принудено да го прекине производството на електрични модели во своите две фабрики во Германија, пишуваат специјализираните портали.

Одамна е познато дека фабриката на Volkswagen во нивното седиште во Волфсбург била „жртва“ на недостиг на чипови.

Во истата  од време на време се прекинуваше производството на популарни модели на фосилни горива, како што се Golf и Tiguan.

Чиповите, кои доаѓаат во фабриките во ограничени количини, потоа беа пренасочени кон електрични модели, за кои Volkswagen исто така смета дека се иднината на нивната компанија.

Сепак, континуираните проблеми со снабдувањето доведоа и до застој во овој сегмент.

Оваа недела беше одлучено, за прв пат, да бидат стопирани производните линии во погоните во Цвикау и Дрезден, каде што се склопуваат електричните автомобили.

Резултатот ќе биде околу 5.000 автомобили произведени помалку од планираното.

Прекинот на производството ќе влијае на моделите ID.3 и ID.4 на Volkswagen, како и на Q4 e-tron и Cupra Born на Audi, односно на CUPRA посебната шпанска перформнанс марка, најпопуларните електрични модели во понудата на групацијата.

Покрај тоа, во наредниот период во прашање ќе биде и доставата до клиентите.

Споменатите 5.000 возила, кои нема да бидат произведени навреме, нема значително да ги загрозат вкупните резултати на Volkswagen (се разбира, доколку застојот трае само една недела).

Во изминатиот квартал VW Group испорача вкупно 122.100 електрични автомобили, што е за дури 109% повеќе од истиот период минатата 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период