VW Golf Mk8 снимен речиси без маска!

Автомобилската икона Volkswagen Golf е на пазарот уште од 1974 година и за сето тоа време низ седум генерации е продаден во повеќе од 35 милиони примероци, при што во моментов се нуди во повеќе од 100 земји

Имајќи го во вид значењето на Golf за целата VW Grиup, не претставува изненадување тоа што компанијата во новиот Golf 8 инвестира дури 1,8 милијарди евра.

Фабриката во Волфсбург, во Германија , ќе остане најзначајна за производството на Golf, бидејќи таму дневно ќе се произведуваат повеќе од 2.000 примероци на овој модел за чија популарност говри и податокот дека еден цел сегмент се нарекува по неговото име Golf класа/сегмент.

Уште во текот на минатата 2018 година е соопштено дека производството на Golf 8 ќе стартува кон крајот на јуни тековната 2019 година, a додека чекаме на официјалната пред нас се овие најнови шпионски фотографии на неколку тест примероци.

Автомобилите се уловени од фоторепортерите речиси без никаква маска или камуфлажа, бидејќи се прекриени само некои детали од предните и од задните светлосни групи.

Потсетуваме Golf 8 ќе се базира врз новата  MQB платформа на  VW- Групацијата, a како што наведуваат извори од Германија , автомобилот ќе биде попрактичен, посилен, поекономичен и ќе нуди повеќе пространост во внатрешноста, со повеќе „ап-маркет“ внатрешност и со поквалитетни материјали.

Исто така, според некои претходни информации, Golf 8 ќе биде за нијанса подолг и поширок, но и за околу  50-70 kg полесен во компарација со актуелата генерација на Golf7, додека пак зафатнината на багажниот простор ќе биде зголемена на околу  400-литри.

Исто така се спомнува и новиот информативно забавен систем, head-up дисплеј, автоматското кочење, технологија на контрола со гестикулација, дигитална инструмент табла…

Во поглед на изгледот, надворешноста, не треба да се трошат премногу зборови, тука, имено, и не можеше да се очекуваат некои големи промени во однос на веќе воспоставениот дизајнерски речник на компанијата од Волфсбург.

Имено, Volkswagen, тука игра на сигурно и експерименти, едноставно речено, не смее да има.

Тука треба да се спомне дека во гамата повеќе нема да има изведби на каросерија со три врати, а најверојатно ќе биде исфрлена од понудата и караван верзијата.

Во однос на моторната гама во понудата кај бензинците се очекуваат:  изведбата со работен волумен од 1,0-литри, со три цилиндри, потоа со работен волумен од  1,5 и од 2,0-литри, со по четири цилиндри, како и новиот дизел мотор со работен волумен од  1,5-литри, што трба да го замени тој со работен волумен од 1,6 -литри.

Инаку, тука е и 1,5 – литарската TGI Evo  верзија што како погонско гориво користи природен гас.

Веќе сега се знае дека потполно електрични верзии на новата осма генерација на Golf нема да има, бидејќи на негово место ќе дојде замана во вид на електричен  hatchback – Volkswagen I.D.

Од друга страна пак, понудата на хибридите ќе подразбира и Mild Hybrid (со 12-voltа и со 48-voltа мреже на електрични системи) како и Plug-in Hybrid варијантите.

Во понуда ќе биде и спортскиот Golf GTI со агрегат со работен волумен од  2,0-литри , бензинец, надополнет со турбо полнач и со електричен систем од 48-volti (со моќност од 265KS односно од 300KS во помоќната варијанта) како и  Golf R што ќе располага со ергеле од околу 350KS, иако некој ентузијасти предвидуваат и цели 400 па и повеќе тркачки ждребиња впрегнати под хубата на оваа варијанта на легендата од Волфсбург.

Инаку во GTI пакетот ќе се најдат и елементите кои дополнително ја потенцираат спортската нота на изведбата како што се: поголеми тркала од алуминиум, aero пакет (во истиот влегуваат преден спојлер, праговите, задниот дифузор, спојлер поставен на покривот од задната страна…), потоа предна маска во форма на саќи со црвени лајсни и GTI лого, а внатре кожно управувачко тркало со зарамнет долен дел и црвени шевови како контраст, како и спортските педали, односно седиштата, со карактеристичен кариран дезен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалиот SUV на Audi, на струја, само за кинески пазар

Ford Transit Custom Sport „работник“ подготвен за тркачки патеки!

И официјално претставен Tesla Model Y !!!

Кусо но слатко дружење со Peugeot 508– атрактивен спортски седан на Французите

Се знае погонот на новиот BMW M3

Максимизирање на потенцијалот: Програма за конверзија на Opel Combo

McLaren Senna GTR во септември и само во 75 примероци

Peugeot 508 Sport Engineered добија продукциска верзија!

Tesla годинава планира промоции на  pick- up и на crossover