VW Group го загуби тронот, нов лидер во Европа Stellantis Групација

Резултатите за првиот квартал од 2021 година покажуваат дека Stellantis ја зазема водечката позиција на Стариот континент…

Новосоздадениот автомобилски концерн Stellantis ја започнува својата кариера навистина одлично. Во првиот квартал од тековната 2021 година тие ја зазедоа првата позиција меѓу автомобилските компании во Европа, барем кога станува збор за продажбата.

Така, од јануари до март, Stellantis постигнал 853.528 нови регистрации на патнички автомобили и лесни комерцијални возила. Зад него останува групацијата Volkswagen со продадени 832.098 примероци. Француско-италијанско-американската компанија има удел од 23,6% на европскиот пазар, додека германскиот гигант е нешто послаб со 23%.

Концернот Stellantis индексираше раст на продажбата од 10,7% во првиот квартал, додека групацијата VW од друга страна се соочува со пад на побарувачката за 2,5%. Сè уште свежиот субјект, создаден со спојување на PSA и FCA, може да им се заблагодари на своите лесни комерцијални возила за успехот и лидерската позиција, бидејќи кога станува збор за патничките автомобили, Германците го имаат главниот збор.

Групата Volkswagen испорача 771.965 парнички автомобили во првиот квартал (-3,8%), додека Stellantis на ова поле достигна бројка од 669 676 примероци (+ 7,4%).

Кога станува збор за одделни брендови, главниот збор на Стариот континент го предводи Volkswagen со продадени 384.700 возила, додека далеку зад него е Peugeot co  274.500 единици.

Сепак, во Топ 10 најпопуларните брендови во Европа во текот на првиот квартал од оваа година се најдоа уште двајца производители од Stellantis – Citroen на осмото место (176.300) и Fiat на деветтото место (174.200).

Се разбира, Stellantis е особено силен на домашните пазари, имено во Италија и Франција. На Апенинскиот полуостров групацијата има дури 40,3% удел (само патнички автомобили), каде најпопуларната марка е Fiat. Слично е и во Франција, каде што Stellantis има удел на пазарот од 37,6%, а најпродаваната марка е Peugeot.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили