VW Group ќе гради фабрика а батерии во Источна Европа

Производителот на автомобили од Волфсбург следната година ќе одлучи во која земја од Источна Европа ќе изгради нова фабрика за батерии, а кандидати се Чешка, Словачка, Полска и Унгарија…

Претходно оваа година, Volkswagen објави планови за изградба на шест фабрики за батерии низ Европа до 2030 година со вкупно годишно производство од 240 гигават часови (GWh) за да се обезбеди непречена транзиција кон исклучиво електрични автомобили.

Според агенциите, една од тие фабрики ќе се наоѓа во Источна Европа, а кандидати за фабриката што ќе биде отворена во 2027 година се Чешка, Словачка, Полска и Унгарија.

Германската компанија ќе донесе одлука во текот на првата половина на следната година.

Производителот на автомобили од Волфсбург соопшти дека не ја одложил својата одлука откако чешкиот министер за индустрија Карел Хавличек во понеделникот рече дека нивната влада очекува Volkswagen да ја објави локацијата на новата фабрика до крајот на годината.

„Како што знаете, она што го земаме предвид при оваа одлука се општите услови во земјата, економската средина, стратегијата за електромобилност и државните субвенции“, се вели во соопштението на автомобилскиот гигант од Волфсбург.

Извршниот директор на групацијата Volkswagen, Херберт Дис ((Herbert Diess), во понеделникот ја посети Чешка за да се запознае со методите на работа на Škoda и стратегијата за електрификација на земјата.

Томас Шефер (Thomas Schaefer), извршен директор на Škoda, во таа прилика рече дека Чешка ќе биде идеална локација за барем една од најавените фабрики за батерии.

SEAT, исто така, верува дека една од новите фабрики може да се изгради во близина на нивната фабрика во Мартореj.

Volkswagen веќе ги избра Германија и Шведска како првите две локации за изградба на фабрики за батерии, а третата, која ќе биде отворена до 2026 година, ќе се наоѓа во Франција, Шпанија или Португалија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период