VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Аеродинамичен, компактен, со форма на моноволумен, долг 425 cm и со растојание помеѓу оските од дури 274 cm, со електромотор со 150 kW поставена задни тркала (!) е многу динамичен – до стотка за осум секунди и топ брзина од  180 km/h, пробивен со автономија од 330 до 550 km, во зависност од големината на батеријата, ќе биде на пазарот нон крајот на годината по цена од 30.000 евра

Првиот модел од идната  електрична I.D. програма е своевидна електрична верзија на идниот Golf и по формулата на славната „Буба„  првиот масовен електричен автомобил.

Компактниот и аеродинамичен моно волумен долг 425 cm ( во формат на Golf), но со растојание помеѓу оски растегнато на 274 cm (+10 во однос на Golf), широк 185 cm (+5) и воисок 149 (+4) нуди комфор како возило од ниска срдна класа.

Направен е на заедничката платформа за електричен погон MEB, во основна верзија со електромотор од 150 kW вграден назад (!) задвижувајќи ги задните тркала.

Литиум јонските батерии вградени се во подот, како во скејтбоард (skateboard), а ќе може да се добие во три големини (капацитети), со WLTP автономија од 330 до 550 km.

Структурата на каросеријата е од комбинација на челик, алуминиум и јаглероден композит, a се со цел да се постигне потребната структурна цврстина а со ниска маса.

Истовремено, во формат (габарит) на Golf е постигнат комфор на Passat, особено на задната клупа.

Кокпитот на првиот електричен автомобил од Волфсбург од програмата I.D. e hi-tech и целосно дигитализиран.

Поради материјата и погонт во подот, и сразмерно лесната надградба си обезбеди врвна стабилност (и покрај „изворно“   нестабилен заден погон), кон што помага и комплетната електрична логистика.

Кон поголем комфор придонес даваат и двата багажника, напред и назад, со вкупен волумен од речици 500 L, што на моделот му гарантира покрај големиот комфор и практичност.

Задниот погон пак овозможува поголем агол на вртење на предните тркала и со само тоа круг на вртењ од само девет метри.

На сето ова треба да се истакне и дека електричниот автомобил успеал да постигне и пристојна динамичност.

Повеќе од 300 Nm момент на вртење е достапен веќе од нула вртежи па кога на ова ќе се надоврзе и подобрата тракција поради задниот погон, од 0 до 100 km/h забрзува за осум секунди, a брзината е електронски лимитирана на 180 km/h.

Возаќот ќе може да избере еден од четирите програми на возење, во зависност од интензитетот на електромоторното кочење.

Во највисокиот степен се вози со само една педала, со попуштање рекуперацијата ( генераторскиот) програм се вклучува многу силно, па така забавувањето, по правило, е можно и без кочење со сопирачките.

Вчера (осми мај) Volkswagen започна со примање на уплатите за моделите што ќе бидат достапни кон крајот на тековната 2019 година или на почетокот на наредната 2020, a цената изнесува од околу 30.000 евра и може да се компарира со еднакво опремениот Golf.

Вршните тестирања на камуфлираниот модел покажаа дека вистинскиот  I.D. е сосема подготвен за настап на пазарот,  воодушевува со комфорот, управливоста и со перформансите, a трите типа на големина (капацитет) на батериите  што значи и три нивоа на автономија се адаптирани кон потребите на купувачите.

Инаку ова е едниот од четирите I.D. модели од „првиот пакет“.  По него следат crossover, во големина на Tiguan, потоа голема coupe – лимузина со големина на Arteon, како и комби Bus/transporter, со стилски елементи и со „гените“ на легендарниот оригинален Bulli.

Веќе до 2026 година Volkswagen планира една четвртина од вкупниот негов програм да биде префрлена на електричен погон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS

Chevrolet Corvette C8 2020, на стартот како coupe – cabrio