VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

VW ID.3 штотуку се појави на пазарот и веќе бележи одлични продажни резултати

Компактниот електричен Volkswagen се продава во Норвешка нешто повеќе од две недели, а 692 од овие возила веќе им се доставени на клиентите во таа земја.

Со таков настап  VW ID.3 стана еден од најпродаваните модели во септември на овој скандинавски пазар.

Имено, ID.3 го надмина моделот 3 на Tesla, кој во моментов е втор најбаран автомобил на норвешкиот пазар со испорачани 577 примероци (вкупно 2.659 во 2020 година).

На трето место според продажбата во септември е исто така еден електричен модел – Polestar 2, со испорачани 406 единици (вкупно 1.012 во оваа 2020 година).

Толку добар почеток на продажбата на Volkswagen ID.3 е знак дека во Норвешка ќе има голема борба помеѓу германскиот производител и Tesla, чиј Model 3 е еден од фаворитите за титулата најпродаван автомобил во таа скандинавска земја во 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Понудата на Dacia драматично се менува

Изнервиран од чести дефекти го запали својот Mercedes-AMG GT 63 S 4door

Снимен мистериозен Bugatti

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!