Руската марка уште од 2008 година и номинално е во сопственост на концернот од Волфсбург, а сега се повеќе станува актуелна опцијата таа да биде искористена како нов лост за успех на рускиот и сличните пазари…
Автомобилските симболи на комунизмот се чини како да оживуваат и како да се враќаат од депото на историјата!
Во 90-те години на минатиот век изгледаше дека автомобилските марки од Источниот блок изумираат, но Renault со успехот на Daciа покажа дека тие марки и тоа како може да бидат витални и успешни на глобалниот пазар, а сега како дополнителен адут ја имаат и руската Ladа.
Од друга страна чешката Škoda, во сопственост на Volkswagen, веќе од поодамна не е базна, евтина марка, бидејќи со секој нов модел се повеќе се воздига и го напушта базното ценовно рамниште.
Поради тоа производителот од Волфсбург (Wolfsburg) во 2008 година ги купи правата на користење на денес веќе по малку заборавеното име, односно на марката Moskvich, a подоцна го продолжи до 2021 година.
Официјални најави се уште нема, но Германците не се познати по тоа дека залудно се расфрлаат со пари и затоа не би било изненадување ако Moskvich воскресне на автомобилската сцена.
Во оваа куса сторија како надополнување ќе спомнеме дек гигантот од Волфсбург е сопственик и на уште еден источен автомобилски бренд, од поранешна Источна Германија, кој засега е „мртво“ – „Wartburg“, и за кој се очекува дека би можел да „игра“ значајна улога во лигата на ниско буџетни автомобили.