VW инвестира во погони за производство на батерии

Групацијата Volkswagen настојува што е можно поскоро да се „ослободи“ од зависност во снабдувачот на батерии за електрични автомобили…

Значи, целта е да имаме сопствено производство на оваа клучна компонента, па управата на Volkswagen одобри зголемување на инвестициите во овој сектор.

Додека се чека Volkswagen да ја отвори својата прва фабрика за батерии, германскиот автомобилски гигант ќе мора да се потпре на добавувачите.

Во моментот, тој се чини претпочита инвестиции во европски компании.

Така, шведскиот Northvolt  неодамна објави дека наскоро ќе отвори нова фабрика за производство на батерии и дека Volkswagen инвестираше дури 620 милиони долари, како еден од главните инвеститори во оваа компанија. Northvolt гради фабрика на северот на Шведска чиј годишен капацитет на батеријата треба да биде 60 gWh, наместо поранешната 40, како што првично беше планирано.

Northvolt има големи планови, а нивната цел е да одржат 25% удел на европскиот пазар на батерии до 2025 година.

Volkswagen поседува 20% од акциите на оваа шведска компанија.

Затоа, не треба да изненадува што Volkswagen во март потпиша договор за набавка на батерии со Northvolt, а вкупната вредност на истите е неверојатни 14 милијарди долари!

Но, Volkswagen не е единствениот што инвестирал во овој производител на батерии, бидејќи тоа го сториле и Scania и BMW, а Northvolt има обезбедено вкупно договори за нарачка од дури 27 милијарди долари.

Шведската компанија планира да отвори уште најмалку две фабрики во Европа во тековната декада, а следната фабрика ќе се наоѓа во Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иновативни метлички со две острици

Германците вградуваат клима уреди и во автопат

Lamborghini со нов V12 со хибридна помош

Електричен AC Cobra Series1

Повеќе од две и пол децении ESP спасува животи на патот

Beach Bot автономен робот „чешла“ плажи собира остатоци од цигари, ѓубре…

Шатл без возач, тестира гуми без воздух!

Во Русија направен најголемиот мобилен полнач за EV во светот!

Hyundai ќе понуди Ioniq 5 N перформанс изведба