VW ја разгледува можноста за електричен pick – up наменет за пазарот во САД

Американските челници на Volkswagen се уште сакаат pick – up за американскиот пазар и не изгледаат задоволни од фактот што тој сегмент (барем засега) ќе остане без претставник на VW…

Претседателот и извршен директор на Американската групација на Volkswagen, Пабло Ди Си (Pablo Di Si), за медиумите изјави дека овој производител ќе го преиспита сегментот на pick – up за Америка.

Временската рамка за пристигнување на вакво возило кај дилерите е нејасна, но извршниот директор рече дека сегашниот план е предлогот да се донесе до управниот одбор во Германија во третиот квартал на 2023 година.

Ако камионот требаше да биде одобрен, тој ќе биде развиен во Америка за Америка.

Ди Си истакна дека автомобилите направени во Америка за Америка се поуспешни како што покажа crossover моделот Atlas, кој беше дизајниран и развиен во Америка и се произведува во Чатануга, Тенеси.

Потенцијалниот pick – up на Volkswagen би ги користел сегашните платформи во портфолиото на компанијата и би бил електрифициран (веројатно на платформата Atlas).

Главниот директор за продажба и маркетинг на Volkswagen во Северна Америка, Ендрју Савас (Endru Savas), наведува дека следната генерација на Atlas може да биде и електрифицирана.

Tој при тоа истакна дека може да има хибриден или plug-in хибриден погон.

Секој иден plug in (приклучен) хибриден pick –up  камион или Atlas не само што ќе треба да се произведува во Америка, туку и минералите и ќелиите на батериите ќе треба да се набават дома (САД) за да се квалификуваат за стимулации од Законот за намалување на инфлацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Tesla скришум симнувале видео снимки од возилата и ги споделувале!

Opel Insignia со 66 литри дизел поминала 2095 км….

BMW Baby Racer

10 електрични половни автомобили на кои најбрзо им паѓа вредноста

Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Нешто за рубриката „невозможна мисија“

Oд најгрдиот автомобил на светот направиле тркачки болид од 1300 КС

Електричната Mercedes Benz G Class е незапирлива

„Анонимец“ во Шпанија ги надмина Alfa Romeо, Hondа и Suzik…