VW ќе ја предводи Eвропската „батериска унија“ за EV

Годинава за сите големи автомобилски компании означува почеток на офанзивата нa брзо растечкиот, а мора да се признае и од владите во ЕУ фаворизираниот, пазар на електрични автомобили…

Групата Volkswagen претставува моќен и голем конгломерат што застана зад најамбициозниот план во рамките на автомобилската индустрија, што подразбира намера приказната за електрични возила стане успешна.

Меѓутоа, дали планот во целост ќе се реализира или можеби нема да успее, зависи од способноста на Групата да ја развие индустријата што ја следи.

Со платформите предвидени за електрични модели и нивната листа, производството на батерии е тоа на кое во моментот е ставен фокусот во Volkswagen.

Минатата недела, Германците најавија формирање на Европска унија за батерии, конзорциум на компании што за цел има да ја „акумулира можноста за многу поширока експертиза во областа на производството на батериски ќелии“.

И токму Volkswagen e тој што ќе го води тој конзорциум, што се состои од партнерите од седум членки на Европската унија и производителот на литиум – јонски батерии од Шведска, компанијата Northvolt.

Партнерите од областа на истражувањето и индустријата од седум земји членки на ЕУ, ги здружуваат силите во конзорциум  наречен Европска унија за батерии “, соопштија од Volkswagen.

Сеопфатната соработка во секторот на истражувањето ќ есе најде во опсег од производството на сировини, преку технологијата и процесот на производството на ќелии, па седо рециклирањето.

Активностите во сферата на истражувањето, исто так, ќе се фокусираат на развој и на креирање на фабричките технологии, што треба да обезбедат одрживо и еколошки соодветно и конкурентно производство на батерии во Европската унија.“

Кога, пак, станува збор за компанијата од Шведска – Northvolt, тоа е истата компанија што минатата 2018 година го најави партнерството со BMW и со белгиската група што се занимава со рециклирање, Unicore, се со цел за  „ целосен и одржлив вредносен синџир на батериски ќелии “ во Европа.

Инаку, Northvolt, во моментот е во фаза на изградба на најголема европска фабрика за производство на батерии , во Шведска.

Се уште не е јасна врската помеѓу Европската батериска унија (EBU) и Европскиот батериски сојуз (EBA), лансиран во 2017 година од страна на Европската комисија.

И EBA исто така го вклучува Northvolt, покрај EIT InnoEnergyja, Европската инвестициона банка и Saft.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Старт-ап компанија од Швајцарија најави батерии со кој EV ќе поминат 1000 km!

Microsoft  и BMW Grоup лансираат Отворена производна платформа

Jaguar и Land Rover во иднина со возила што уништуваат патогени бактерии и вируси

Renault најави нов електричен компакт

Škoda со „лек“за заборавните возачи – Aприлили!!!

Volvo надзор врз возачот за дополнителна сигурност!

Новиот Green NCAP за проценка на еколошката прифатливост на возилата

Nissan и DOCOMO испитуваат виртуелна технологија во возила со 5G мрежа

Tesla со трета генерација на полначи