VW размислува да земе поголем пакет акции од заедничката компанија со ЈАС

Во Volkswagen AG ја разгледуваат опцијата да купат големо учество во заедничката компанија што ја имаат со кинескиот  JAC Motorsom во сегментот на електрични автомобили и затоа ја ангажирал фирмата Goldman Sachs како советник во тој план, изјавиле за Rеuters луѓе запознаени со овој план

Одлуката на VW, најголемиот странски производител во Кина, да ја купи автомобилската група Anhui Jianghuai (JAC Motors), е најновата од страна на странските производители на автомобили за да ја зголеми сопственоста на најголемиот светски пазар на автомобили откако минатата година  Пекинг ги ублажи строгите правила.

Конкурентот, производител на автомобили, исто така од Германија – BMW во октомври минатата 2018 година, се согласил да го купи контролниот пакет над своето главно заедничко вложување во таа земја и тоа за сума од 3,6 милијарди евра.

И Daimler AG планира да го зголеми својот дел во учеството во заедничаката компанија со локалниот партнер BAIC Motor.

Самата трансакција значи дека JAC би станал клучен играч на VW во големата глобална сцена за електрични возила  и силната побарувачка во Кина за истите.

Во VW планираат да префрлат голем дел од своето планирано производство во Кина на JAC ако го заврши успено процесот на добивање на контрола врз JAC.

Претходно странците инвеститори со закон биле спречени да контролираат било кој кинески производител на автомобили, или пак некое од заедничките вложувања.

Но, кон крајот на минатата година, Властите во Пекинг ги отстрани таквите ограничувања за фирмите што произведуваат потполно електрични и  plug-in хибридни возила.

Регулативата за производителите на комерцијални возила ќе биде ублажена веќе наредната 2020 година, a во 2022 година тоа ќе важи и за поширокиот пазар на автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda концепт ја најавува електричната иднина во Кина на Шангај 2019

Најавен електричен хипер автомобил Lotus Type 130

Renault со нов дизајнерски центар во Шангај

Детектори што препознаваат дали користите мобилен додека возите!

Geely лансира нов електричен бренд -Geometry со „убиец“ на Тesla Model 3!

Наскоро и официјално Polestar 2 а во производство вгодина!

Nissan X-Trail со нови и поефикасни мотори

Во Шангај Audi ќе се престави со  Audi AI: ME, Audi e-tron и Audi Q2L e-tron

Škoda произведе 22 милионито возило