VW што со Ducati, Lamborghini, Bugatti…?

Групата VW, на следниот состанок на Директорите и Управниот одбор во ноември,.ќе разговара за иднината на неколку брендови од своето големо портфолио

Според бројните германски медиуми, најмногу ќе се зборува за Bugatti, Ducati и Lamborghini. Тоа се брендови посветени на перформанс возила, каде се чини дека лежи најголемиот проблем.

Групата Volkswagen не е сигурна дека покрај огромните трошоци што ги има во моментов во врска со електрификацијата, може да „изнесе“ и дополнителен финансиски товар што ќе бара инвестиции во создавање нови платформи специјално за возила со високи перформанси.

Наводно, Volkswagen е отворен за разни предлози на партнерства со други компании за овие брендови, потоа постои и можност за реструктуирање на споменатите производители, и секако за продажба.

Да потсетиме, веќе се појави вест дека Volkswagen е подготвен да му го предаде Bugatti на Rimac во замена за поголем удел во хрватската компанија.

Извршниот директор на групацијата Volkswagen, Херберт Дис, долго време „лобираше“ во медиумите да се оддалечи од автомобили со високи перформанси со мотори на внатрешно согорување  во корист на електрификацијата, со цел да ослободи пари за понатамошни инвестиции во возилата со батерии.

Во неодамнешното интервју за Reuters, Дис рекол дека има простор за маневар и дека секоја марка мора да го најде своето место во новите услови на пазарот.

„Брендовите мора да се ценат според новите стандарди – електрификација, достигнување, дигитализација и поврзување“, рекол првиот човек на VW Group.

Покрај огромните инвестиции во електрификација, на германскиот гигант му се потребни пари за понатамошен развој на технологијата за автономно возење, како и за нови услуги поврзани со градската мобилност. Сето ова става голем прашалник за иднината на производителите кои продаваат мал број возила годишно.

На пример, во 2019 година, Бугатти продаде 82 автомобили, Lamborghini 4554, додека Ducati испорача повеќе од 53 000 мотоцикли. Иако, според официјалните податоци на VW, сите овие брендови се профитабилни, останува прашањето колку долго ќе останат така.

Херберт Дис сака целосна транзиција кон EV технологијата. Се разбира, невозможно е да се направи тоа веднаш и не за сите брендови во самата група, но Дис е убеден дека електричните автомобили можат да и помогнат на групацијата Volkswagen да достигне вредност од 200 милијарди евра до 2025 година. Оваа бројка најдобро зборува за каков скок станува збор – а тоа е дека проценката дека групата VW денес вреди 78 милијарди евра.

Експертите наведуваат дека групата VW е помалку ефикасна од големиот конкурент Tpyota, а потоа имаат и поголеми трошоци. На пример, на крајот на 2019 година, германскиот автомобилски гигант имаше повеќе од 671,000 вработени, а јапонската компанија само 359,000.

Експертите посочуваат дека најголем проблем во врска со продажбата на брендови од големото портфолио на Volkswagen ќе бидат моќните синдикати чии лидери седат во Надзорниот одбор. Лидерите на Унијата нема да дозволат „отуѓување“ на кој било дел од групата, освен ако не видат директна корист за работната сила во блиска иднина.

Очигледно е дека Дис веќе има план подготвен да го претстави на состанокот во ноември, но прашање е што точно ќе биде одобрено. Во секој случај, најверојатно, групацијата Volkswagen ќе се соочи со големи промени од почетокот на следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бракот на РSA и FCA добива „амин“ и од европските власти

Понудата на Dacia драматично се менува

Цената на бензините продолжува да паѓа 

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста