VW со нов мануелен менувач ќе ја намали потрошувачката за 5%

Наскоро би требало да се појави во новата генерација на Passat уште по ефикасен мануелен менувач на брзини со ознака MQ281…

Во Volkswagen развиле нов современ рачен менувач – MQ281, што каоо е најавено ќе работи многу поефикасно и ќе штеди до пет грама CO2 по километар, во зависност од комбинацијата на моторот и на менувачот.

Новиот Passat ќе биде првото возило опремено со MQ281, a ќе го следат речиси сите модели во  Volkswagen групата.

Никој досега не придавал важност на рачниет менувачи, меѓутоа, само незначителни измени биле доволни за подобрување на ефикасноста и потрошувачката со офромно влијание на емисијата и животната средина.

Иако делуваат ненаметливо, рачните менувачи имаат значително учество на пазарот на менувачите на светско рамниште.

Трендот кон возилата од SUV сегментот со тркало со голем дијаметр постаува високи барања за менувачите.

„ Со моделот MQ281 развивме високо ефикасен рачен менувач кој сигурно ги исполнува истите – a наскоро ќе биде воведен во неколку класи на возила”, објаснува Хелмеу Гебелс ( Helmut Göbbels), раководител на секоторот за развој на рачни менувачи и погон на четири тркала во Volkswagen.

Рачниот менувач MQ281 има спектар на вртежен момент од 200 до 340 Nm, значи дека во целост или делумно ги замнеува сегажните модели на менувачи на Volkswagen со внатрешна ознака MQ250 и MQ350.

Ќе биде базиран на концепцијата со 2,5 вратила и може да се пофали со висок распон на запчаниците (max. 7,89).

Од една страна тоа гарантира пријатно возење  – дури и за тешки возила со големи тркалаи, од друга страна, го олеснува возњето при поголеми брзини и нискиот број на вртежи.

Навистина инфорамции што многу ветуваат и кои го заскокоткаа нашето внимаие за и понатаму да го следиме развојот на оваа навистина интересна приказна од Волфсбург ( Wolfsburg).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Daimler и со рендгенски зраци ќе ги контролира автомобилите

Mazda RX9 со електрифициран погон

Потенки но не и помалку безбедни ѕидови за компактните модели!

Новиот дигитален кокпит на VW Golf 8

Доаѓа ера на се попаметни дигитални клучеви!

Mahle со прототип на 48 V батериски систем

Новите автомобил на Ford може да гледаат и зад аголот!

Hyundai Motor Group TECH иновации на дланка и увид на клиентите!

V2V: иднината е во синергија помеѓу возилата