Wiesman се враќа со Project Gecko

На сцена се враќа производителот на егзотични спортски автомобили од Германија Wiesmann, што со нов затемнет teaser слики и со кус видео запис го најавува својот нов модел…

Станува збор за Wiesman Project Gecko што премиера на глобално рамниште ќе има кон крајот на тековната 2019 година, додека пак на купувачите ќе им биде понуден во текот на наредната 2020.

Новиот автомобил на Wiesmann ќе се одликува со карактеристичен дизајн –препознатлив за оваа ексклузивна марка  („ еволуција наместо револуција“), a за погон ќе биде задолжен агрегатот на BMW ( кков што беше случајот и до сега).

Говориме за турбо бензински агрегат со работен волумен од 4,4– литри со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква „V“, што е комбиниран со осум степен автоматски менувач на брзини и со погона на тркалата од задната оска.

Според податоците наведени од Компанијата автомобилот од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 3,5 секуни и би требало да постигнува максимална брзина од 320 km/h.

Во кусата вест пласирана на специјализираните портали уште е наведено и дека Project Gecko ќе ја користи новата платформа, како и тоа дека распоредот на тежината на предната и на задната оска ќе биде идентичен – односно иделани 50:50.

Се во се од, Wiesmann тврдат дека Project Gecko ќе биде помоќен, подинамичен и подраматичен од сите нивни автомобили што досега биле направени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Audi TT со средишно вграден мотор!

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Парламентот во Германија пресече на Autobahn и натаму без лимит на брзина

Најавен Morris JE – електрично комерцијално возило

Од Waymo најавија автономно возила без контролен возач!

Пристигнува Porsche што лета!

Renault со конкурент на Tesla и VW

И Punto би заживеал повторно ако Fiat се здружи со Renault

Peugeot потврди pick -up камионет !