WRC шампионатот од следната сезона поаѓа во хибридна иднина

Toyota, Hyundai и M-Sport Ford се целосно посветени на новите регулаторни правила на World Rally Championship за следната година, кои исто така ќе воведат нови хибридни погонски единици…

Новата рели ера на WRC конкуренцијата ќе ги спари сегашните 1,6-литарски турбо мотори со директно вбризгување и четири цилиндри со електрични мотори од 100 kW или 136 ks, со 180 Nm вртежен момент. Префрлувањето на хибриди за прв пат беше објавено во 2019 година и беше одобрено од Светскиот совет за мотор спорт ( World Motor Sport Council ) минатиот месец.

„Не е претерување да се каже дека воведувањето на самоодржливи хибридни технологии за категоријата WRC е една од најголемите пресвртници во историјата на мото-спортот. Многу е добро е што една таква голема промена се случува во сезона во која ќе се одбележат 50 години на одржување на Шампионатот, изјавил Јона Слебел ( Jona SIebel )  WRC Promoter.

„Заедно со FIA и производителите, WRC Promoter е целосно посветен на воведување на малку позелени опции за автомобили. Хибридните погонски единици претставуваат составен дел од автомобилската индустрија бидејќи светот полека се движи кон повеќе самоодржлива и почиста иднина. Еволуција.“

Иако Toyota и M-Sport Ford допрва тби ребала да „откријат“ кои модели ќе ги користат следната сезона во шампионатот, Hyundai веќе потврди дека новиот  WRC тркач на компанијата ќе се базира на i20 N уличниот легален автомобил .

Од следната година, FIA исто така претставува задолжителна тригодишна посветеност на производителите во едногодишни договори, специјално создадени за дополнително стабилизирање на целокупното натпреварување…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спринт квалификации на три трки во Formula 1 во сезоната 2021

FIA иницира нова тркачка класа на електрични болиди

Фантастичен резултат на Македонците на „Хунгароринг“

F1 ги премести квалификациите поради погребот на принцот Филип

Мајами од наредната 2022 година во календарот на F1

Кам-бек на „ТВИНГОВЦИТЕ“: Сезоната стартува викендов на  „Hungaroring FIA CEZ“

Како се тестира (малтретира) Porsche 911 GT3

Новата електрична Kia EV6 за еден ден освои 21.000 купувачи во Ј. Кореја

Toyota Yaris Автомобил на годината во Европа за 2021