Наскоро ќе пристигне и проширена верзија на електричното урбано дете Wuling Mini EV…
Во споредба со стандардната верзија, оваа варијанта има различни браници и префинети светла, но најголемите разлики се во димензиите.
Имено, овој модел доби 70 mm подолго меѓуоскино растојание (зголемено на 2020 mm), додека вкупната должина на возилото се зголеми за 144 mm (сега 3064 mm). Сето горенаведено природно ја направи внатрешноста попространа.
Електричниот мотор сè уште има 41 КС, како во пократката верзија.
Останува да видиме колку овој продолжен модел ќе биде поскап од стандардниот.