Xiaomi го најави новиот Ninebot C30 скутер на струја

Вистински шок се подготвува на пазарот на електрични креации  на две тркала наменети за градски превоз, затоа што пристигнува новиот Ninebot C30, најевтиниот електричен скутер ….

Создаден од Xiaomi, Ninebot C30 е скутер со убав изглед и спецификации кои не се особено посебни.

Скутерот се напојува со мотор од 400 W, кој произведува максимален вртежен момент од 40 Nm.

Автономијата на скутерот Xiaomi е околу 34 км со брзина од 25 км на час. Што се однесува до сопирањето, има еден диск во предното тркало барабан во задното.

Единствената извонредна работа за оваа машина е нејзината цена.

Имено, Ninebot C30 се продава во Кина за 3.599 јуани, што е некаде околу 440 евра.

Тоа значи дека мал скутер чини малку од повеќето „планински“ (mauntin) велосипеди од средната категорија.

Една од причините за перформансите што ги нуди е  и фактот дека таков електричен скутер во Кина може да се вози без возачка дозвола, како и тоа што може да го возат тинејџерите – што е целната група на Xiaomi.

Батеријата може да се отстрани и наполни додека не е на самиот скутер. Покрај C30, достапни се уште три варијанти на моделот Ninebot – C40, C60 и C80.

Секоја од овие варијанти има различна автономија на возење со едно полнење на батериите, а со тоа и повисока цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

MV Agusta Superveloce 800 цени и спецификации

Пристигнува нова Honda CBR600RR

Honda Motocompo, електричен скутер како измислен за урбаната џунгла на асфалтот!

Електричен EMX мотокрос од Холандија

Подготвуваат ли во BMW враќање на C1

КТМ со нов електричен скутер !?

Honda CB-F концепт  наскоро во производство?

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч