Xiaomi основа посебен оддел за автономни автомобили

Xiaomi, еден од светските лидери во производството на паметни телефони, најави формирање посебен оддел за развој на технологија за автономни автомобили…

Ова го објави извршниот директор на компанијата Леи Jун во порака на официјалната Weibo сметка.

Во кратката порака се наведува дека компанијата во почетната фаза има намера да привлече околу 500 технички експерти со задача да развијат технологија за самоуправувачки автомобили од четврта генерација.

На тоа ниво, автомобилот вози без возач и ја следи поставената рута, но само во обележаната област.

Претходно кон крајот на март, Xiaomi исто така ги потврди плановите за лансирање на производство на сопствени електрични возила.

Управниот одбор на компанијата одлучи да формира филијала  со 100-процентна сопственост на истата, што ќе се занимава со тоа.

Во почетната фаза, инвестицијата во новата компанија би изнесувала 10 милијарди јуани (околу 1,5 милијарди долари), а во следните десет години, Xiaomi планира вкупна инвестиција во производството на електрични возила од 10 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Норвешка EV се конвенционални, а алтернативни се возила со мотори со внатрешно согорување

Германија: Предлог поголеми и потешки автомобили да плаќаат повеќе за паркирање

Најпопуларни автомобили август во Германија

Renault Kadjar ќе добие електричен наследник

Луксембург со најмногу автомобили на жител во Европа

Русија повеќе не казнува „преголема просечна брзина“ на патиштата

Новиот Citroen C4 и e-C4 100% electric-Успешен почеток на продажбата во Европа

Во област крај Москва ќе се гради прва фабрика на Tesla во Русија

Познати полуфиналистите на изборот Северноамерикански автомобил на годината 2022