Електричниот Xpeng G6 беше официјално претставен годинава на саемот за автомобили во Шангај, како Coupe-SUV со средна големина, а пред извсном време и официјално беше лансиран на кинескиот пазар, каде што беа нарачани повеќе од 25.000 примероци во првите 72 часа…
Автомобилот е изграден на SEPA 2.0 платформата од втората генерација на Xpeng и поддржува брзо полнење од 800V. Во однос на димензиите, G6 е долг 4753 mm, широк 1920 mm, висок 1650 mm и растојанието помеѓу оските изнесува 2890 mm. Тркалата се со големина од 18 до 20 инчи.
Внатрешноста има минималистички дизајн, централната конзола има контрастна бела/светла боја дизајн, воланот е изработен од Nappa материјал, а екранот на информативно забавниот систем е со големина до 15,0 инчи.
Xpeng G6 ќе се нуди со еден и два мотори, при што верзијата со еден мотор со погон на задните тркала ќе има максимална моќност од 218 kW/296 КС и 440 Nm максималеб вртежен момент, додека верзијата со погон на четири тркала и двоен мотор има 358 kW/487 КС и 660 Nm вртежен момент.
Ппосилната верзија забрзува од 0 до 100 km/h за 3,9 секунди. Во зависност од верзијата, батериите се со капацитет од 66,0 kWh до 87,5 kWh, додека опсегот се движи од 580 до 755 km (по циклус CLTC).
Цената за основниот модел во Кина започнува од околу 29.000 американски долари (конвертирано од кинескиот јуан), што е поевтино од моделот Y на Tesla, кој таму чини 36.390 долари.