Yamaha E01 -електричен скутер пристигнува идната 2022

Најновите патенти на Yamaha откриваат планови за масовно производство на електричниот концепт Е01 што претставува голем чекор на познатата јапонска марка на креации на две тркала кон понуда на производи со „нула“ емисија на гасови…

Навистина тоа е значајна вест за компанијата од Ивата, имајќи предвид дека во линијата на јапонскиот производител доминираат машини со традиционални единици со внатрешно согорување.

Само како потсетување ќе кажеме дека Yamaha го претстави Е01 на Саемот за мотори во Токио во 2019 година. Дури и тогаш имаше индикации дека концептот може да се најде во сериско производство. Но, реализацијата на плановите беше одложена од пандемијата на корона вирусите.

Според достапните информации, E01 треба да послужи како замена за скутер со мотор со работен волумен од 125 кубни сантиметри, што значи дека на купувачите би им биле достапни некаде околу 15 електрични коњски сили.

Сепак, најновите информации сугерираат дека сериската верзија би можела и да понуди нешто повеќе од тоа, правејќи го E01 совршен за секојдневна употреба. Интересно, Yamaha планира да продолжи да го користи работното име Е01 и за сериската верзија.

Од компанијата напоменуваат дека сериската верзија ќе ги задржи повеќето елементи од концептот, со одредени прилагодувања за да се прилагоди што е можно повеќе во секојдневната употреба.

Предните светла потсетуваат на овој со YZF-R1, со две LED единици поставени под „носот“. Исто така може да се види дека горниот дел го крие приклучокот (штекерот) на полначот. Мораме да потенцираме дека ова е одлично решение, бидејќи го олеснува процесот на полнење.

Бидејќи средниот дел на скутерот е дизајниран да собере голема литиум-јонската батерија, се очекува E01 да има помалку простор за складирање на предмети, како на пример  ранче, заштитна кацига, ракавици, одошто конвенционалниот скутер.

Во секој случај оваа урбана креација на две тркала делува складно со елегантни линии.

Иако немаме повеќе детали, можеме со сигурност да кажеме дека неговото деби не чека следната година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KTM RC 8C распродаден за пет минути!

Yamaha карбон неутрална до 2050

BMW CE 04 нова страница во урбаната мобилност на иднината на две тркала

BMW планира A2 верзија на R18

BMW S 1000 RR во специјално издание Isle of Man

KTM 450 Rally Factory Replica

Lancia освојува со електричен скутер!

Suzuki подготвува ривл на Yamaha R7

MV Agusta подготвена за епски подвиг и влез во „Гинисовата книга на рекорди“