Yamaha карбон неутрална до 2050

Многу производители се насочени кон електричната иднина, а ЕУ и Велика Британија објавија дека планираат да забранат продажба на мотоцикли со бензински мотори до 2035 година…

а Yamaha неодамна ги анализираше целите на својот фокус на производство на електрични модели, па јапонскиот производител се надева дека до 2050 година ќе може да постигне неутралност на јаглерод во целата своја понуда.

Патот до неутралност на јаглеродот има неколку фази, а тоа се намалувањето на емисиите до 2030 година, а потоа до 2035 година, што се, случајно или не, датумите веќе поставени од ЕУ и Велика Британија.

Целта е да се намалат емисиите на СО2 по лице преку промовирање на употреба на лични возила со ниски емисии на СО2 или енергетски ефикасни извори.

Покрај создавањето на возила со ниски емисии, постигнување неутралност на јаглерод ќе се постигне преку оптимизација на набавката на суровини, производство, употреба и подоцна отстранување (рециклирање).

Дали тоа значи дека нè чекаат повеќе нови Yamaha мотоцикли ?

Одговорот е краток и јасен: Да. Јапонскиот гигант наведува дека покрај постојната понуда, ќе работи и на нови, иновативни форми на превоз.

Се разбира, ова ќе бидат електрични машини, кои треба да дадат свој придонес за постигнување на амбициозна цел.

Yamaha веќе е доста вредна во овој поглед. Минатата година постигна договор со другите производители за производство на стандардизирани електрични батерии што може да се заменат, направи електричен мотор од 480 КС, а беа регистрирани и патенти за електрични скутери Е01 и ЕС-05.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката

CB1000R 5Four ексклузивно издание на Honda CB 1000R во само 54 примероци

Yamaha ќе развива ласерска технологија

Групацијата Piagio со рекордно полугодие

Ducati 860 E-Concept

Malaguti подготвува сосема нов модел – Drakon