Yamaha ќе развива ласерска технологија

Yamaha  ќе оди по патот на своите ривали,  BMW, Ducati, KTM и Kawasaki, со што ќе воведе мотоцикл со радарска технологија.

Ова го откриваат неодамнешните патенти на јапонскиот производител. Објавени во Јапонија, овие патенти покажуваат дека гигантот од Ivata планира да постави сензори во огледалата што ќе дадат дополнителни информации.

Според документите, намерата е да се стави мал екран зад рефлектирачкото стакло на ретровизорот, кој би испратил информации до возачот со вклучување на одредени светла. Оваа технологија ќе им помогне на возачите во реални ситуации, а особено во свиоци.

Информациите што ќе ги обезбеди се однесуваат на други учесници во сообраќајот, промена на лентата, знаци за предупредување, услови на патот и опасност на патот. Познавачите на ситуацијата веруваат дека ова решение е одржливо, особено затоа што другите производители одлучија да преземат сличен пристап.

Така, Ducati Multistrada V4 има индикатори за „слепи“ агли на ретровизорите, кои го предупредуваат возачот за возила што доаѓаат.

Главното прашање е колку долго ќе чекаме оваа технологија да стигне до производствените линии на јапонскиот производител на мотоцикли.

Со оглед на тоа што ривалите на Yamaha веќе почнаа да воведуваат нови опции на моделите, постои можност многу брзо да видиме такво технолошко решение во пракса.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Sport Touring на Honda пристига на 21 октомври

Zero Motorcycle

Kawasaki претстави ново лого

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката

CB1000R 5Four ексклузивно издание на Honda CB 1000R во само 54 примероци

Групацијата Piagio со рекордно полугодие