Yamaha MT-09 Cyber Rally

Yamaha на саемот за мотоцикли во Осака го претстави MT-09 со необичен изглед, наречен Cyber Rally….

Ова не е прв пат МТ-09 да добие посебен третман, бидејќи верзијата наречена Street Rally беше претставена во 2014 година.

Cyber Rally  потекнува од каталогот на Y’S Gear „афтер-маркет“ делови на Yamaha и е своевидно продолжение на моделот Street Rally, иако со малку поинаков стилски изглед, повеќе одговара на актуелната генерација MT-09.

Како и Street Rally, така и Cyber ​​​​Rally доаѓа со пластично куќиште на фаровите што целосно го опфаќа светлото и е доволно висок за да го заштити 3,5-инчниот TFT екран на таблата со инструменти.

Најистакната карактеристика на оваа креација се штитниците за раце, кои наликуваат на клапи (закрилци), кои привлекоа внимание и на изданието Street Rally.

Сепак, тогаш тие беа направени од пластика, додека компонентата на Cyber Rally изгледа како да е направена од јаглеродни влакна.

Помеѓу другите делови што вреди да се забележат, ќе го споменеме редизајнираниот капак на ладилникот, кој значително го подобрува изгледот на страничниот профил.

Друга забележителна новина е издувот Akrapovic.

Сепак, тешко е да се каже дали Cyber Rally  е директно поврзано со Yamahа, бидејќи не претставува официјална премиера.

Како и да е, не можеме а да не забележиме како MT-09 Cyber ​​​​Rally изгледа навистина фантастично благодарение на компонентите Y’S Gear што ги носи со себе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW Motorrad Baby cruiser

Husqvarna ја претстави enduro  линијата 2023 година

Новата линија на KTM 490 пристига кон крајот на годинава

Yamaha  го претстави новиот Tricity 125

Audi и Porsche влегуваат во  F1

Пристигнуваат три нови модели на BMW

Harley-Davidson Nightster

Yamaha TY-E 2.0

QJMotor 701 со два спортски новини во подготовка