Yugo za 2025. godinu

Дизајнерот Дејан Христов од Северна Македонија со своите најнови креации покажува како би можела да изгледа модерна верзија на Yugo за 2025 година, со зелен – електричен погонски склоп…

Покрај препознатливата основа на Yugo, овој модерен модел има и проширени калници, нови браници, поизразени прагови, потенки LED светла, како и нови тркала. Исто така, се предвидува погонот сепак да биде на предните тркала.

Со електричен погон, овој Yugo EV теоретски може да биде ривал на неодамна објавениот модерен Renault 5 ЕV, како и другите електрични модели од B-сегментот (Peugeot е-208, Opel Corsa, Honda е), но секако со многу попристапна цена, нешто како пандан на crossover од тој сегмент од романската Dacia, моделот Spring, но со уште поповолна цена.

Што е следно?

Дејан Христов планира да го испрати својот проект до Владата на соседна Србија, предвидувајќи нова ера за моделот Yugo.

Тој, исто така, сугерира дека Rimac Automobili од Хрватска може да учествува во проектот, и дека Stellantis (Fiat), Renault или дури и кинески производител може да бидат задолжени за развој и производство.

Покрај тоа, производствените капацитети во Србија и литиум од локални извори за батерии ќе ја намалат цената колку што е можно повеќе за моделот да стане вистински пазарен хит во регионот, па и пошироко.

Останува да почекаме и да видиме како соседите ќе реагираат на предлогот на нашиот дизајнер и дали наскоро ќе имаме српско Yugo на струја со македонски дизајнерски гени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Defender- За прв патна филмското платно во филмот „No Time To Die – 007″

Alpine A110 во боите на полицијата на Франција

SAIC Design R RYZR concept

Електричните Maserati ќе доаѓаат од погоните во Мирафиори

New 500 -Мал автомобил на годината на News UK Automobile Awards за 2021

Трка на Давид и Голијат!

Дополнителен „акцесорис“ на RR ќе ве чини како едено BMW 420i Coupe

Toyota Mirai со едно полнење минала 1.359 km и постави нов светски рекорд

Bermat GT нов супер спортист од Италија