За километар и половина возење со Taxi платила 9870 долари!

Проблемите со таксистите се случуваат насекаде низ светот, но овој пример од Сан Франциско оди во делот „верувале или не“ и го прави возењето со такси астрономски скапо…

San Francisco Cronicle ја раскажува приказната за Маргарита Бекер (Margariti Bekker) и сопругот Крис Шлезингер (Chris Schlesinger) кои повикале такси кон крајот на минатата година за да ги однесат во ресторан на роденденска вечера.

Патувањето од 1,7 километри траело цели 11 минути. По пристигнувањето на дестинацијата, возачот им предал сметка од осум американски долари. На таа сума г-ѓа Маргарита додаде бакшиш и конечната сума била 9,87 долари. Бидејќи наплатната рампа во таксито не можеше да ја прочита нејзината картичка, таа ја подмири сметката како што предложи таксистот.

Во Сан Франциско, такси компанија му дозволува на возачот да користи личен уред на продажно место, како што е Paypal, доколку ситуацијата е оправдана, пишуваат агенциите. Намерно или случајно, внесената сума во уредот не била 9,87 долари, туку 1000 пати поголема.

Така, наместо 9,87 долари, госпоѓата платила 9.870 долари. Возачот рекол дека преку и-мејл ќе и ја испрати сметката, но тоа никогаш не се случи. Кога сметката стигнала на нејзината домашна адреса, таа за малку ќе се онесвестила.

Таа веднаш стапила во контакт со банката и со такси компанијата, но тие си ги измиле рацете и рекле дека трансакцијата е легитимна. Последователно, такси компанијата утврдила дека возењето навистина траело само 11 минути, но возачот престанал да работи во нивната компанија седум дена по спорното возење.

Проблемот е што таксистите се всушност приватни лица кои изнајмуваат такси од нивната компанија за 600 долари неделно, а не нивни вработени. На крајот на краиштата, г-ѓа Бекер се уште се надева на позитивен исход од истрагата, а за медиумите изјави дека има помала доверба во луѓето и дека отсега секогаш бара хартиени сметки.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault го предава својот имот во Москва на Русите кои таму ќе произведуваат Moskvich

Прв држава со регистерска табличка налепница

Електричниот Fisker Pear на нови слики

Mobilize Duo како наследник на Renaulta Twizy

Bentley  бара промена на лимитите за В категорија (возачка)

Toyota Land Cruiser eден од „најдолговечните“ модели на пазарор распродаден за две години однапред

Mercedes најави ексклузивен бренд Mithos

Pagani C10 дебитира на 12 септември

Ferrari го стави Џастин Бибер на „Црна листа“