За помалку од еден час распродадени сите 500 примероци на KTM 1290 Super Duke RR

Од KTM неодамна лансираа ограничена серија од својот мотоцикл 1290 Super Duke RR, и ако планирате да паркирате еден во вашата гаража, е тогаш немаме добри вести вас…

Имено, на австриската компанија и беа потребни само, верувале или не, 48 минути да ги продаде сите 500 примероци од новата машина, а според достапните информации, бројот на нарачки далеку ја надмина горе спомнатата бројка.

Како одговор на големата побарувачка за новиот мотоцикл 1290 Super Duke RR, познатиот производител на моќни и агилни креации  на две тркала KTM отвори листа на чекање.

Ова е направено само во случај некој од 500-те потенцијални клиенти кои веќе се пријавиле, да се откажат, што нам, ни се чини дека е малку веројатно, односно неможно.

Новиот 1290 Super Duke RR е придвижуван од истиот мотор со работен волумен од 1.301 кубни сантиметри, кој располага со моќност од 180 КС и 140 Nm максимален вртежен момен, исто како и стандардниот Super Duke R.

Инаку, мотоциклот со себе донесува и повеќе компоненти изработени од јаглеродни влакна.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричен концепт мотоцикл – Husqvarna E-Pilen

Untitled Motorcycles претставува електричен мотоцикл од новата ера

BMW F900 Force

MV Agusta ја претстави новата Superveloce S линија

Segway Apex H2

BMW CE 04

Електричен концепт што прочистува воздух за време на возењето- Aether

Електричен Triumph TE-1

Harley Davidson стартува со производство на Pan America моделот