За првиот нов Chevrolet Corvette Stingray платени 3 милиони долари!

На аукција организирана од познатата ауциска куќа Barret-Jackson е продаден првиот примерок на новиот модел  Chevrolet – Corvette Stingray за неверојатна сума од три милиони долари…

Новата генерација на Corvette Stingray C8, модел за 2020-та,  од Chevrolet беше покажана во јули минатата 2019 гоина  во купе издание, а неколку месеци подоцна се појави и кабрио верзијата, а неодмна првиот примерок на америанскиот muscle автомобил, на аукција, е продаден за три милиони американски долари.

Тоа е првиот произведен Stingray, а средствата од продажбата ќе бидат донирани во добротворни цели, особено во Детскиот фонд во Детроит, непрофитна организација која сака да го зголеми бројот на квалитетни училишта во градот.

Сопственикот на првиот произведен примерок на моделот Corvette Stingray го доби со 3LT пакет на опрема, односно со сите достапни опции.

Автомобилот се напојува со 6,2-литарски LT2 V8 мотор со 497 КС и 630 Nm вртежен момент, со осум -степен автоматски менувач и погон на задните тркала.

Исто така, компонентите од екстериерот се во црна боја, како и GT2 седишта со црвени детали, а тука се и црвените сигурносни појасни, додеа назад е спојлер, а панелот на покривот може да се извади, а втомобилот е опремен и со снимач за податоци на перформансите, како и Z51 Performance пакет….

Гордиот сопственик –Рик Хендрик, директор на фирмата Hendrick Companies,  вљубеник во моделот Corvette, може да го преземе својот автомобил во фабриката која се наоѓа во Боулинг Грин во Кентаки.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови Audi E-Tron S модели, практични, брзи и подготвени на се!

Porsche 911 Turbo со поминати над 1,16 милиони километри

Новиот модел на Maserati ќе се вика MC20

Од DS најавуваат два нови модели!

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес