За шест години Honda со целосно електрифицирана понуда во Европа

Производителот на автомобили од Јапонија постави пред себе рок од шест години целосно да ја електрифицира понудата на своите модели на Стариот континент

Во 2017 година Honda го претстави на јавноста планот дека до 2025 година две третини од автомобилите продадени на пазарите низ Европа треба да имаат електромотори, односно да имаат хибриден или целосно електричен погон.

На годинешниот салон за автомобили во Женева планот е ревидиран, односно челниците на компанијата соопштија дека нова цел е до 2025 година, во Европа, да се продаваат само електрифицирани Hondа автомобили.

Еден од најважните модели во стратегијата за електрификација на Hondа e Prototyp, прикажан на штандот на компанијата на актуелниот салон во Женева. Станува збор за урбан, целосно електричен автомобил, обликуван во ретро дизајн .

Според најавите, во продажните салони, би требало да се појави, во втората половина на годинава.

Се предвидува дека со полни батерии ќе може да помине повеќе од 200 km, пред повторно да застане за полнење, а дополнување, до 80% од капацитетот на погонските батерии, на брзи полначи е за околу 30 минути.

Од друга страна, Honda успешно започна со хибридизација на своите актуелни модели на пазарот во Европа, со воведување на нова верзија на SUV моделот  CR-V со хибриден погонски систем, a а тоа е само вовед во новите хибриди на производителот од Јапонија што забрзано следат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia со прва скица го најави скорешното доаѓање на crossover моделот X-Ceed

За враќање во САД Peugeot се фокусира на C и D сегментите

Заеднички проект на Karma и Pininfarina

Citroën со најубав штанд на салонот за автомобили во Женева 2019-та

Škoda во февруари продаде над 90.000 модели!

Opel се враќа во Русија

Доделени наградите „Автомобил на годината во Македонија“ за 2019-та

Сензација-Пристигнувањето на VW Golf 8 генерација одложено за март 2020-та!?

Volvo ја завршува приказната со дизел мотори