За враќање во САД Peugeot се фокусира на C и D сегментите

Од Peugeot неодамна најавија дека ќе се вратат на пазарот во САД, од каде замина во 1991годдина, a сега е познато и на кои сегменти цели на тој пазар …

Првиот човек –CEO на Peugeot, Жан Филипе Императо (Jean-Phillipe Imparato), кажал дека брендот ќе се фокусира на компактен (C) и сегментот на средна големина (D) во САД.

Дополнително истакнал дека моделот 3008 добил „super“ feedback, особено помеѓу потенцијалните купувачи во Калифорнија.

На тест групите им се бендисал дизајнот и возењето со Peugeot, a од самиот старт, генерално, тие имале позитивна или неутрална слика за францускиот бренд..

Одлуката да се врати во САД марката Peugeot како одбрана од Групацијата PSA , по малку делувала шокантно, бидејќи се зборуваше дека Opel ќе биде водечкиот бренд на Групата.

Потсетуваме PSA Grоupa го презеде Opel од General Motorsa во 2017 година, а првиот човек – CEO на Групацијата – Карлос Таварес (Carlos Tavares), во повеќе наврати изјавил дека германскиот бренд би бил подобро прифатен во САД.

Сепак тоа не се случи, а според истражувањата на Peugeot, помеѓу останатите модели на Peugeot што Американците можеби ќе ги видат се и 508 седан и караван како и 5008 crossover.

Таварес исто така истакнал дека брендот не планира да вложува огромни пари во дилерски франшизи . Споре неговите зборови, PSA планира да лансира бренд во  „сразмерен“ начин за да го минимализира ризикот и инвестициите на стартот.

Планот е наречен  Push to Pass и на самиот старт ќе нуди краткорочни изнајмувања преку Free2Move сервисот за споделување на автомобилите. Според актуелниот план, Peugeot автомобилите на територијата на САД ќе се најдат во продажба веќе до 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda концепт ја најавува електричната иднина во Кина на Шангај 2019

Најавен електричен хипер автомобил Lotus Type 130

Renault со нов дизајнерски центар во Шангај

Детектори што препознаваат дали користите мобилен додека возите!

VW размислува да земе поголем пакет акции од заедничката компанија со ЈАС

Geely лансира нов електричен бренд -Geometry со „убиец“ на Тesla Model 3!

Наскоро и официјално Polestar 2 а во производство вгодина!

Nissan X-Trail со нови и поефикасни мотори

Во Шангај Audi ќе се престави со  Audi AI: ME, Audi e-tron и Audi Q2L e-tron