Заборавете на Tesla пристигнува Nikola со извор на вода во кабината, а може да биде и газирана!

Делува и звучи неверојатно, дури и збунувачки, но токму тоа го најавува првиот човек на Nikola Motors…

Тој најави нешто навистина посебно во најавата за Badger, електричниот pick-up модел и иден ривал на Tesla Cybertruck и на Rivian R1T. И додека вториот Rivian планира да биде единствениот модел што ќе се ротира (врти) во место, Badger, како и со камионот на Nikolа, ќе понуди извор на вода за пиење.

Ова е последица на погон на водородните ќелии каде еден од нус производите на хемиската реакција е токму водата.

Веќе на претходните модели со таков погон можевме да откриеме дека буквално произведуваат вода за пиење, а сега во Nikolа одлучиле да ги постават работите на повисоко ниво!.

Во својот твит, Тревор Милтон, шефот на Nikolа, рекол дека произведената вода ќе се користи како течност за чистење на шофершајбната, додека дел од водата ќе биде достапен и за патниците за пиење. Остатокот ќе биде собран во станицата за полнење гориво на водород.

Тој направил чекор понатаму и понудил соработка на Soda Stream USA во која автомобилите ќе бидат опремени со уред за подготовка на газирана вода.

Во секој случај, мора да бидете трпеливи до крајот на годината.

Големата премиера на Badger е најавена за трети (3) декември оваа 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен Levdeo A10E

Совет : Не ставајте/ кревајте нозе врз арматурата

Се продава Mercedes-Benz S600 што би во сопственост на Мајкл Џордан!

Шпионски  фотки: Opel Crossland X -2021

Volkswagen го гаси производството на најскапиот модел

Пробни камери за „лoвење! на тие што снимаат сообраќајки на пат!

Над 600 илјади хотели во светот го прифаќаат биткоин како валута!

Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!