Заеднички проект на Karma и Pininfarina

Производител на луксузни електрични автомобили  од САД – Karma Automotive ги откри првите детали од соработката со легендарното италијанско дизајн студио и работилница за каросерии Pininfarina

Имено, Karma Automotive ја покажа првата фотка  на новиот концепт автомобил што ќе биде претставен во април тековната 2019 година на претстојниот меѓународен Салон за автомобили во Шангај.

Фотографиите не се проследени со информации околу деталите за нивниот нов концепт, од Karma Automotive велат дека на саемот Auto Shanghai 2019, ќе ја претстават и новата генерација на електричниот Revero и целосно новиот електричен концепт што го носи името Karma Vision.

Karma го споделѕва духот на Pininfarina преку заедничката посветеност кон импресивниот дизајн. Ние со возбуда ја исчекуваме реакцијата за резултатот од крајниот производ на нашето партнерство“, изјавил, меѓу другото, Ленс Жу, извршен директор на Karma Automotive.

И ние со нетрпение ја очекуваме продукциската верзија на моделот со надеж дека ќе остане иста, или во најмала рака блиска до изгледот на концептот од сликите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помал SUV на Fiat за пазарите во Јужна Америка

Tesla Model 3 – Запрено производство поради премногу проблеми!

KIA во првото полугодие со одлична продажба!

В. Британија со повеќе станици за полнење на EV од бензински пумпи!

Во сила Законот за субвенции на нови и половни поеколошки возила

Фрлање догорче од цигара од автомоби во Грција може да ве чини возачка дозвола

Компактниот Jaguar и crossover coupe на BMW платформа!

Hyundai Nexo со oдлична оцена од IIHS

Infiniti Edition 30 во чест на три деценискиот јубилеј на марката