Замина уште една голема Formula 1 Икона- Почина Ники Лауда

Легендата на октанскиот циркус, повеќе не е помеѓу нас но со неговите постигнувања на жешката асфалтна патека на Formula 1 трките и околу нив засекогаш ќе биде запишано името на Австриецот Ники Лауда

Големиот Ники почина тивко,  а тажната вест ја соопштија членовите не неговото семејство, вчера доцна вечерта.

Австриецот кој остави длабока трага во Formulа 1, засекогаш ќе остане во нашите срца .

Низ својата возачка кариера Ники Лауда беше бескомпромисен борец, победник, a доказ за тоа се и трите титули на Светски шампион во Formula 1 во период од 1975, до 1984 година, време во кое беше возач во големиот циркус – Formulа 1.

Храбар до над човечки граници тој повеќепати и се спротивставуваше на смртта, па и кога речиси целосно изгоре во својот пламнат болид,  тој имаше сили и храброст повторно да се врати на тркачката патека и да победува и да ја освои титулата во F1.

Неговиот натпреварувачки и победнички дух остави печат на едно време, но и е’, а и ќе биде инспирација на многу сегашни и идни модерни октански гладијатори!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ultima RS- Хипер автомобил од Англија со 1.200 расни „грла“

Volkswagen апсолутен крал на „Рингот“, електричниот ID.R просто неверојатен!

Ескалираа работите во таборот од Маранело: Леклер сензационално сака да си замине?!

Игор Стефановски – Иџе со Hyundai јуриша на круна воTCR Италија шампионат!

Триумф за Мартин Делев на првата трка на TWINGO CUP 

Шефот на F1 тимот на Mercedes на чело на Formula 1 натпреварувањето!

Совети: Сe може да се случи во дел од секундата – „ Аиритон Сена “

Монца под итно бара 60 милиони евра за опстанок во F1 календарот!

Renault Megane R.S. Trophy-R напад на рекордот на Hondi Civic Type R на Рингот!