Започна производството на електричната Mazda MX-30

Mazda во Јапонија започна со производството на модерниот SUV Mazda MX-30, својот прв електричен автомобил…

Новиот Mazda MX-30 е одговор на се поголемата побарувачка на електрични возила во Европа, а фактот што е и SUV, само дополнително оди во прилог на Mazda затоа што овој сегмент е многу популарен – глобално.

Електричниот модел MX-30 е опремен со e-Skyactiv новата технологија на Mazda за електрична мобилност. Погонскиот систем со погон на предните тркала комбинира електричен мотор моќен од 145 КС со 35,5 kWh литиум-јонска батерија, што покрај добрите перформанси придонесува и за автономија на движење од приближно 200 км по WLTP стандардите.

Сетиран да обезбеди оптимална рамнотежа меѓу автономијата која на купувачите им овозможува опуштено возење и емисија на CO2 од LCA (Live-Cycle Assessment) перспектива, батеријата може да се наполни до 80 % од капацитетот за околу 40 минути со помош на брз полнач.

Skyactiv архитектурата на новата Mazda MX-30 е посебно скроена со цел да го пополни пријатното и тивкото однесување на електричните возила.

Во комбинација со новиот i-Activsense безбедносен систем, новиот SUV на возачот ќе му понуди уникатно возачко искуство.

Новиот израз и дизајнерски јазик на Mazda наречен Kodo ја засилува оваа насока на јапонскиот производител во развојот на погонските технологии. Изразено едноставниот дизајн го нагласува MX-30 како цврста форма, а вратата без среден столб го истакува големиот простор во кабината.

Ергономски врвно дизајнирана внатрешност содржи кокпит насочен кон возачот, независна централна конзола, прв клима-уред во Mazda со екран на допир од 7 инчи, како и многу новини, еколошки прифатливи материјали…

Mazda MX-30 ќе може да се  нарач од оваа есен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата Toyota Hilux се подготвува за премиера во друштво на Фернандо Алонсо

Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Novi BMW Serije 4 Coupe стаса предвреме !

Пристигнува Fiat Tipo Cross

Citroen C1 JCC+ манекенски шарм на „шевронот” во мини пакување

Најавен новиот Nissan Qashqai

Ford Puma ST-Line Vignale и Puma sa 1,5 литарски дизел мотор

Нов голем Citroen пристигнува во 2021

Стартува продажбата на електричниот Volvo XC40 Recharge