Започна производството на Volkswagen T-Roc cabriolet

Единствениот, барем како што сега стојат работите, кабриолет модел во понудата на Volkswagen, ќе се произведува во Оснабрик, а испораките ќе започнат веќе на пролет идната 2020 година…

Привлечниот T-Roc во уште поатрактивната cabriolet верзија е вистинска експанзија на линијата T-Roc, покрај стандардната варијанта на crossover со четири врати, базиран врз моделот Polo.

Отворената верзија на crossover моделот од В сегментот  на Volkswagen дава дополнителен елан на сегментот и можност за понатамошен пораст во продажбата на и така популарниот на европскиот пазар модел.

Кабриолет верзијата на Т-Roc додава нова рафинирана нота во стилот и имиџот на моделот одвојувајќи го од големата група на конкуренти во сегментот на crossover модели во В класата.

Душата на кабриолетот, едноставно моделирана преку  мекиот покрив што се соборува само со притискање на копче и операцијата на дигање/ спуштање ја прави за само девет (9) секунди, му дава ветер во грб на и така атрактивниот T-Roc.

Моделот на Volkswagen ќе се произведува во погоните на фабриката во Оснабрик, Германија, во која веќе се произведува и спортскиот Porsche Cayman.

Инаку, T-Roc кабриолетот пристигнува две години по претставувањето на истоимениот crossover модел со четири врати.

Љубителите на марката VW што исто така милуваат да возат под отвореното небо ќе го понуди моделот со две врати во комбинација со два пакети на опрема, Style и R-Line, како и два бензински погонски единици.

Погонските единици што доаѓат во cabrio изведбата се истите од стандардната верзија на T – Roc.

Така стартува со помалиот турбо бензински агрегат, со три цилиндри, со работен волумен од 1,0 – литр , со моќ 115 КС, а следи поможниот турбо бензинец со четири цилиндри, со работен волумен од 1.5-литри, со 150 КС и двата со познатата TSI технологија на Volkswagen.

Покрај стандардниот шест (6)-степен мануелен менувач на брзини, на купувачите како опција ќе им биде достапна и седум степена, со две спојки, автоматска трансмисија на силата, а преносот во секој случај ќе оди само на тркалата од  предната оска.

Така вo Style доаѓа со 17-инчни тркала, амбиентално осветлување, а како опција може да се нарача и кожниот ентериер.

Од друга страна, со R-Line следуваат и спортски седишта, а исто така и тој доаѓа со 17-инчни тркала, но постои опција од 19-инчни тркала.

Како опции се нудат и Beats аудио систем, 11.7-инчен дигитален инструмент панел, како и многу други интересни гаџети.

Првите примероци од единствениот кабриолет на Volkswagen за купувачите во Европа ќе бидат испорачани кон почетокот на оваа престојната пролет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра

Lada во 2019 со мал пад на продажбата во Европа, но доминира во Русија!

Од Nissan со демант дека бараат развод на „бракот“ со Renault !

Дизелите повторно на удар, нови податоци пак фрлаат дамка на нив

Mеrcedes и Gеely со заеднички проект вреден околу 800 милиони долари!

Пристигнува најмалиот- baby Jeep!

Honda Civic Type R во Токио ќе ја покаже освежената појава