Запознајте го CUPRA Formentor

Концептот CUPRA Formentor се вози за прв пат околу пределот каде дува Медитеранскиот ветер по кој е именуван и служи како инспирација за дизајнот на првиот специјално развиен модел

На северниот дел на Мајорка се наоѓа Кејп Форментор, точка во која се судираат медитеранските ветрови и претставува добро познато место во пределот.

Спектакуларниот крајбрежен пат, опкружен со карпи до 300 метри, води до светилникот што го крунисува врвот на пределот.

За прв пат, CUPRA Formentor доминира на пејсажниот пат кој го инспирира неговиот дизајн.

Извајан од ветерот: Ветерот и брановите ги обликуваат стрмите карпи на Кејп Форментор секој ден.

Овој променлив крајбрежен предел го инспирираше дизајнерот на CUPRA, Алберто Торесилас, за да создаде своја рационална силуета.

„Ветрот ги изваја камењата, што ме инспирираше да ги дизајнирам деловите кои покажуваат динамичност и чувство на движење, дури и кога автомобилот е неподвижен“.

Кристално чисти води: Тиркизното сино море ја менува бојата кога дува северниот ветер.

Под површината, нијансите на бои се прелеваат во се потемни бои низ кои се забележуваат подводни кањони до длабочина до 60 метри.

Различните бои на Медитеранот го инспирираа Color & Trim одделот за создавање на сини петролеј нијанси, на длабока, речиси матна сина која беше специјално дизајнирана за овој концепт автомобил.

„Кога светлината сјае на контурите на CUPRA Formentor, можете да ги забележите најдлабоките сенки и најсветлиот сјај“, вели Торесилас.

Карпи кои се издигнуваат до височина од над 300 метри: Патот што води низ полуостровот Форментор е лавиринт на кривини изградени од италијанскиот инженер Антонио Париети во 1930-тите, со силни северозападни ветрови како водич.

„Моето прво патување со CUPRA Formentor на овој импресивен пат кој се граничи со стрмни карпи и магичен пејзаж беше неверојатно искуство“, објаснува Алберто.

„Чувството на возење автомобил дизајниран од вас на вакво спектакуларно место е уникатно“.

Фотоволтаична сончева енергија: Светилникот Форментор стои на крајот од патот, на 188 метри надморска височина.

Нејзината нерамна и далечна локација го направи најтешкиот светилник за изградба на Балеарските Острови.

Високата кула од 56 метри стапи во функција во 1863 година, а денес работи со фотоволтаична сончева енергија.

Од друга страна, CUPRA Formentor е опремен со хибриден мотор со високи перформанси, кој ја надовестува електричната иднина на брендот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внатрешноста на VW ID.3 е многу интересна

Curtiss Zeus со електромотор и батерии во форма на V8 бенински мотор!

De Tomaso P72

Tesla Model 3 „одликаш“ на Euro NCAP

Porsche нема да ги електрифицира GT моделите (засега)!

Екологија- Ford рециклирани пластични шишиња за подници во автомобилот

ЛИНК за следење на трката на Иџе

Претставен новиот Renault Triber мал crossover со 7 седишта!

Кивањето кога возите може да предизвика несреќа