Заврши Dakar 2019 победници Aл-Атијах, Прајс, Кавиљасо, Контардо и Николаев

По 10 етапи со 5.000 km и исто толку брзински испити со 3.000 km конечно заврши уште еден суров, исклучително напорен и опасен маратон на тркала низ непреодните терени на а Перу во 41то издание на Dakar Rally (задржувајчи го традиционалното име на главниот град на Сенегал, Африка каде била целта на првото Rally во јануари 1979 година.

Најпознатиот светски маратон на издржливост на возилата и на возачите, од кои се бараат и извонредни вештини, 41-от по ред, за прв пат е одржан во само една земја во Јужна Америка, во Перу, со старт и цел во главниот град на таа земја Лима.

Во најпопуларната група- класата на автомобили, по трет пат на Dakarпобеди Насер Ал-Атијах од Катар, овој пат како дел од тимот на Toyota, Пред Нани Рома и рели легендата Себастијан Леб.

Австралиецот со КТМ, 31- годишниот Тоби Прајс по втор пат е победник на Dakar, а KTM оствари тројна победа

Во класата на квадови Uимаме тројна победа на Аргентинците ,,Кавиљасо, Фериоли и Галего

Во класата  „SxS“ првите три места ги освоија Контрадо, Гуел и Варела …

Кај „тешкашите“, возачите на камиони Русите Николаев и Сотников освоија двојна победа за Kamaz на годинешното издание на релито Дакар.

Еве ги пласманите на најдобрите по класи на Dakar 2019 :

мотоцикли:

  1. Прајс
  2. Валкнер + 9.13 минути
  3. Сандерлен + 13.34 минути

Автомобили:

  1. Алатија
  2. Рома + 46.42 минути.
  3. Леб + 01.54.18 час

 

Квадови:

  1. Кавиљасо
  2. Пероли + 01.55.37 часови
  3. Галего + 02.11.48

SxS:

  1. Контрадо
  2. Гуел + 01.02.35 часови
  3. варела + 01.05.19

Камиони:

  1. Николаев
  2. Сотников + 25.36 минути

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монца под итно бара 60 милиони евра за опстанок во F1 календарот!

Renault Megane R.S. Trophy-R напад на рекордот на Hondi Civic Type R на Рингот!

Во Twingo CUP Eurocup од годинава и Македонија

Superb IV генерација во 2021 ќе биде премиум Škoda

Форд открива ново искуство со линијата на електрични возила „Go Electric”

Jaguar J -Pace со хибриден PHEV погон

Opel се фокусира на рели со ADAM и следната Corsa

Возачите на Alfa Romeo Racing F1 Team

Sаubеr и Alfa Romeo продолжуваат заедно како Alfa Romeo racing