Заврши најдолгото патување околу светот со електричен автомобил!

Холанѓанецот Вибе Вакер, во Сиднеј го заврши досега најдолгиот пат околу светот со електричен автомобил со кој поминал 95.000 km за да го промовира ова превозно средство во борбата проти климатските промени…

Вакер го возел автомобилот на кој му дал име Blue Bandit (Синиот бандит)  низ 33 земји, што, досега, е најдолгото патување за еден електричен автомобил.

На возачот му биле потребни три години да патува од Холандија до Австралија.

Патот е финансиран од донатори, кои давале пари за електрично полнење на возилото.

Вакер патувал низ Турција, Иран, Индија, Мајнмар, Малезија и Индонезија.

„ Сакав да ги инспирирам луѓето да користат електрични возила“,изјавил тој и додал дека неговиот „Син бандит“  може со наполнета батерија да помине 200 km и дека тоа е превозно средство многу поевтино од возила со мотор што се движи на дизел гориво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Rivan со кујни на извлекување како дополнителна опрема!

Citroën Born Paris XV, 100 автомобилски икони за прослава на 100 роденден на брендот

Новиот Mercedes-AMG One вреди четири милиони долари!

Ново продолжение на посетата на фабриката Rimac Automobili!

Од Ливерпул на финалето на лига на шампиони во Мадрид со Škoda Favorit

Најавено годишно производство од 10.000 примероци на Tesla Roadster

Електричниот Lotus Type 130 себитира на 16 јули годинава

Škoda Mountiaq – креација на фантазијата на младите дизајнери од Чешка

Почна одбројување до премиера Bentley Flying Spur, лимузина со спортски DNK!